SkyscraperCity Forum banner
441 - 460 of 494 Posts

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
За 20 проценти повеќе патници на македонските аеродроми

За разлика од аеродромите во Европската Унија, каде што во август просекот за пораст на бројот на патници е 5,2 проценти, ние бележиме пораст од 30 проценти на скопскиот и охридскиот аеродром во септември...


Преку аеродромите „Александар Велики’’ во Скопје и „Св. Апостол Павле’’ во Охрид во првите девет месеци годинава патувале 1.183.728 патници, што е зголемување за 20 проценти во однос на истиот период лани. Од јануари до септември годинава на двата аеродроми се реализирани 11.695 летови, при што порастот на годишно ниво е 10 проценти, информира денеска од „ТАВ Македонија“, компанијата која оперира со македонските аердороми.

За разлика од аеродромите во Европската Унија, каде што во август просекот за пораст на бројот на патници е 5,2 проценти, ние бележиме пораст од 30 проценти на скопскиот и охридскиот аеродром во септември, споредено со истиот месец лани, вели Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Зголемувањето на бројот на патници, наведува Крстевски, е резултат на маркетинг-политиките на ТАВ-холдингот за привлекување нови авиокомпании и зголемување на постоечките фрекфенции од македонските аеродроми. - Истовремено, од голема помош за континуираниот пораст на вкупниот сообраќај е и поддршката на Владата за нискобуџетните авиокомпании, како и се почестото присуство на странски туристи во Македонија, нашите иселеници кои почесто ја посетуваат татковината, како и младите луѓе кои сакаат да патуваат и откриваат нови дестинации, изјави Крстевски.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Исплатени 32,69 милиони денари на 2.127 земјоделци

На 2.025 сточари исплатени им се 27,5 милиони денари и тоа: 23,2 милиони денари на 1.933 земјоделци за производство и продажба на овчо, кравјо и козјо млеко, 2,26 милиони денари за одбележани грла овци...


Владата исплати 32,69 милиони денари субвенции на 2.127 земјоделци за повеќе мерки, соопштуваат од Министерството за финансии.

На 2.025 сточари исплатени им се 27,5 милиони денари и тоа: 23,2 милиони денари на 1.933 земјоделци за производство и продажба на овчо, кравјо и козјо млеко, 2,26 милиони денари за одбележани грла овци, 1,3 милиони денари за одбележани грла говеда и 761 илјада денари за женски приплодни грла маторици.

Исто така исплатени се 2,89 милиони денари за постоечки овошни насади, 2 милиони денари за постоечки лозови насади, 155.450 денари за поддршка на полјоделството и 21.828 денари за градинарско производство на отворено и пластеници.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
„Маркарт“ почна со производство, најавени 600 вработувања

Велес го враќа имиџот на индустриски град. Фабриката на германски „Маркарт“ почна со работа во зоната Караслари. Инвестицијата од 35 милиони евра ќе отвори 600 работни места. Компанијата со автомобилски делови, произведени во Македонија, ќе ги снабдува европските автомобилски гиганти...


Германски „Маркарт“ официјално почна со производството во велешката зона Караслари. На 15 илјади квадрати, досега инвестирале 25 милиони евра. Во фабриката веќе работат 170- тина вработени, најавени 600 вработувања. Произведуваат компоненти за реномирани германски и европски автомобилски брендови- Мерцедес, БМВ, Ауди, Пежо.

Сопственикот на бизнисот најави трикратно зголемување на прозиводствениот капацитет во следните шест години, потенцијал за две илјади вработувања, над 35 милиони евра инвестирани во Македонија. Фабриката почна да се гради во април, одлуката за инвестирање беше објавена пред две години. Во конкуренција со Македонија биле две земји.

„Што беше пресудно да инвестираме овде? Образовно орентираните луѓе, добиените извештаи и информации за бизнис климата, сигурноста на политиките и владата. Македонија не беше на нашата листа се додека преставниците на владата не направија презентација. Сега Вие сте победници“, истакна Харалд Маркард – сопственбик на компанијата Маркарт.

„Маркарт“ е еден од најголемите добавувачи на автомобилски делови во светот. Нивниот влез во Македонија го зајакнува имиџот како земја на автомобилската индустрија, заедно со сите странски инвестиции сами по себе, е покана- други компании да инвестираат во државава, посочи премиерот Груевски.

„На почетокот кога ја објавивме инвестицијата на „Маркарт“ голем број жители на Велес не веруваа дека оваа фабрика ќе се изгради. Ваквата скепса беше сосема разбирлива поради фактот што транзицијата остави длабоки лузни во Велес и поради фактот што долги години наназад не се изградила ниту една нова фабрика во Велес, а напротив многу се затвораа. Од овие причини имам големо задоволство што таквата лоша традиција денес се прекинува“, изјави премиерот Никола Груевски.

Преговорите со „Маркарт“ стартувале пред седум години. Во 2013- тата премиерот ја наговести реализацијата на инвестцијата. Во последните три години, старнските иневестиции имаат 600 илјади евра дополнување во бруто домашниот прозивод, 2,7 милијарди евра извоз од Македонија, стотина милиони евра директна трговија со домашни фирми. Владата најави уште две- три нови зони во Велес.

„Велес беше индустриски град кој беше базиран на технологии кои еколошки не беа најприфатливи за луѓето и креираа други нус појави. Јас го гледам Велес како индустриски град со нови чисти индустрии, со инвестиции каде како во „Маркард“ има голем степен на додадена вредност, голем број вработувања“, рече вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Групацијата „Маркарт“ е лидер во прозиводството на електомеханички и електронски додатоци за авотомобислки системи.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Отворени над 7.250 компании преку проектот за самовработување


Кон крајот на годината се очекува да се отворат уште 400...


Преку проектот за самовработување досега се отворени 7.250 приватни компании. Кон крајот на годината се очекува да се отворат уште 400.

„За 2015 година предвидовме поддршка на 900 невработени лица да формираат сопствен бизнис, да се самовработат, да ја реализираат сопствената бизнис идеја со грант за самовработување од 3.000 евра. Вкупните средства кои што се предвидени за реализација на овој проект за 2015 година изнесуваат 202 милиони денари“, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Сертификати за обука за претприемништво преку програмата добија 101 лице кои ќе почнат свој бизнис. Станува збор за заеднички проект на Владата и УНДП кој се реализира од 2007-та година.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Расте бројот на вработени во зоните

Дека има раст на вработувањата во зоните потврдува и Државниот завод за статистика. За 18,9 проценти бил зголемен бројот на работниците во текстилната индустрија, гранка во која е активна „Џонсон Контролс“ во Штип...


Со зголеменото производство во Технолошко-индустриските развојни зони, расте потребата од ангажирање на нови работници. Според надлежните, до крајот на годината ќе се надмине бројката од 5 илјади вработувања.

Дека има раст на вработувањата во зоните потврдува и Државниот завод за статистика. За 18,9 проценти бил зголемен бројот на работниците во текстилната индустрија, гранка во која е активна „Џонсон Контролс“ во Штип.

„Џонсон Мети“, „Текнохозе“, „Кемет Електроникс“ кои произведуваат електрична опрема, бележат позитива од 23,7 насто, а со белгиски „Ван Хул“ во производството на моторни возила, растот на бројот на работници на 25 отсто.

Трендот на вработувања во сите развојни зони се очекува да продолжи и идната година,бидејќи има позитивни сигнали од компании кои треба да донесат одлуки за инвестирање во земјава.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
02/12/2015

WIZZ AIR CONTINUES EXPANSION IN MACEDONIA

THREE NEW ROUTES FROM SKOPJE TO BERLIN, BRATISLAVA AND COPENHAGEN

Wizz Air, the largest low-cost airline in Central and Eastern Europe, today announced further growth to its low fare route network from Macedonia with three new Skopje services.

WIZZ will connect the Macedonian capital with Berlin Schoenefeld from 21 March 2016, while the new Skopje services to Copenhagen and Bratislava will commence in 22 and 28 March, respectively. Each new route will operate two times a week.

Bratislava and Copenhagen, the capitals and economic centers of Slovakia and Denmark are two new destinations in Wizz Air’s network of 116 airports.

Wizz Air is now offering a total of 24 routes to 11 countries from its two Macedonian airports, Skopje and Ohrid. Tickets on Wizz Air’s newest routes are already on sale and can be booked on wizzair.com. Seats are available from just MKD 599*.

Wizz Air’s Tamara Mshvenieradze said: ”Wizz Air has today once again underlined its commitment to Macedonia as Skopje’s hometown airline. We are thrilled to announce three new routes from Skopje to the capitals of Denmark, Germany and Slovakia, and we are confident that these three new routes will be as popular as the other 21 in our ever-growing Macedonian network. Seats on the new routes went on sale today and we urge customers to snap up the lowest fares on wizzair.com, mobile website or through our smartphone apps. Our Macedonian crew looks forward to welcoming you on board your next Wizz Air flight!”

WIZZ AIR’S NEW ROUTES FROM SKOPJE:

Destination

Days

Start

Fares From*

Berlin Schoenefeld

Monday, Thursday

21 March

MKD 599

Tuesday, Saturday

29 March

Bratislava

Monday, Friday

28 March

MKD 1199

Copenhagen

Tuesday

22 March

MKD 1799

Wednesday, Sunday

27 March

https://wizzair.com/en-GB/about_us/news/wizzen368
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Македонија бележи најголем раст на авиосообраќајот во регионот


Близу 1,5 милиони патници (1 485 102 заклучно со 16.12.2015) имало на македонските аеродроми годинава што е пораст од 21,1% во однос на лани. ТАВ Македонија јавува за успешна година со зголемен број на летови и нови дестинации. Годинава се воведоа 6 нови линии од Скопје, кон Женева, Фридрихсхафен, Осло, Барцелона, Хамбург и Нинберг. Како и две нови линии од Охрид кон Лондон и Базел.

- Топ пет дестинации од ,,Александар Велики’’ се Истанбул, Цирих, Виена, Малме и Базел. Најфрекфентен ден на скопскиот аеродром беше 8 август со вкупно 6.736 патници, а најмногу превезени патници исто така имало во август и тоа 173.158 патници. Во 2015 отворивме 6 нови линии од скопскиот аеродром, кон Женева (со Свис ерлајнс во април), и кон : Фридрихсхафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нинберг (со Визер во јуни и јули). Во моментов од скопскиот аеродром оперираме на вкупно 31 дестинација, а во редовниот сообраќај се 15 патнички авиокомпании и една карго-авиокомпанија, вели Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Во досегашниот тек на годината на скопскиот аеродром имаше само еден помагловит ден заради кој имаше одложени летови. Крстевски вели дека одлуките за одлагање на летовите ги носат авиокомпаниите во координација со воздухопловните власти. Патниците при тоа имаат свои права кои треба да ги искористат.

- Ние како аеродромски оператор секогаш се трудиме да им ги обезбедиме најдобрите услови на авиокомпаниите за безбедно полетување и слетување. Добро сме организирани во такви случаи и нашата предност како аеродромски оператор е што на авиокомпаниите им нудиме можност летовите да ги дивертираат кон вториот наш аеродром - охридскиот аеродром, покрај можноста се разбира тоа да го сторат и кон аеродроми во околните земји. Одлуката е нивна, а на патниците потоа тие им обезбедуваат превоз и хотелско сместување. Просекот на деновите со магла во последните години и не е така голем, тоа се само неколку дена во зимскиот период. Во вакви ситуации законот точно пропишува кои се правата на патниците и каде и како треба да ги бараат, а за истите можат да се информираат повеќе кај надлежното тело за регулација на авиосообраќајот – Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВП).

За континентална земја авиособраќајот, покрај патничкиот и железничкиот, е исклучително важен за економијата. Според ТАВ, Македонија во прав момент направи исчекор во неговиот развој заради што има економски бенефити.

За догодина ТАВ Македонија најавува линија Скопје – Прага како и летови до Берлин, Копенхаген и Братислава. Чартер летови од Бенелукс до Охрид ќе организира британскиот туроператор Томас Кук, а за Охрид ќе лета и Ер Србија од Белград. Најавени се и чартер летови од Израел.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Македонските аеродроми уриваат рекорди




Македонските аеродроми уриваат рекорди. За 22 проценти е зголемен бројот на превезените патници во 2015-та, во однос на претходната 2014-та година.Изминатата година над 1.560.000 патници ги користеле услугите на македонските аеродроми. За 11 проценти, пак, е зголемен и бројот на воздухопловни операции,пишува Лидер.

Новите дестинации и евтините авиобилети го вратија интересот за летање, што се гледа и од статистиката. Ако порано македонските аеродроми оперираа со бројка на превезени патници од околу 600 илјади, сега сликата е комплетно променета. Во 2013-та за првпат е натфрлен милионот и оттогаш има постојат раст, па оттука и се и очекувањата дека во претстојните години ќе се надмине бројката од 2 милиона.

Македонските граѓани сега полесно се поврзани со европските метрополи. Се зголемува бројот на дестинации до кои може да се стаса од земјава. На редот на летање се ставени: Барселона, Базел, Белград, Брисел, Келн, Дортмунд, Дубаи, Дизелдорф, Ајндховен, Франкфурт, Фридрихшафен, Женева, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Љубљана, Лондон, Малме, Милано, Минхен, Нирнберг, Осло, Париз, Рим, Стокхолм, Венеција, Виена, Загреб, Цирих, Сплит. Од мај годинава, повторно ќе биде воспоставен и директниот лет Скопје- Прага.

Со новите линии од скопскиот аеродром ќе се оперира до вкупно 34 дестинации

Како што пишува Лидер, ако во 2005-та година се летало само кон 15 дестинации, годинава ќе се оперира кон 34. Споредено со пред 10 години, бројот на патници е тројно зголемен, од 500 илјади на 1,5 милион.

„Работите одат во добар правец и не е случајно што минатата година се превезени најголем број патници од македонските аеродроми, над 1,5 милион патници, што претставува историски рекорд за Република Македонија. За тоа придонесе и бројот на летови и бројот на туристи, но и ниските цени на летовите коишто ги обезбедивме со нискобуџетните авиокомпании“, вели претседателот на владејачката партија, Никола Груевски.

„Нашата упорност резултираше со нови 20-ина линии до европските дестинации со многу поволни цени и достапност на билетите. Од напролет, освен кон Прага, ќе бидат воведени уште три нови линии“, вели министерот за транспорт и врски, Владо Мiсајловски.

„Меѓу првите дестинации се Истанбул, Малме, Базел, Цирих, исто така многу атрактивна дестинација е Барселона, пред сè како резултат на евтините билети. Многу користена е и интерконтиненталната линија кон Дубаи“, вели првиот човек на ТАВ Македонија.

Најголем удел во превозот на патници има унгарската „Виз ер“, па следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустријан ерлајнс“, „Пегасус ерлајнс“, „Ер Србија“ и „Еделвејс“.

Од унгарската „Виз ер“ велат дека 2015-та била рекордна година. Од скопскиот и од охридскиот аеродром имаат вкупно 25 рути кон 23 дестинации. Лани со овој авиопревозник биле превезени 794.946 патници, што претставува раст од 37 проценти во однос на претходната година.Од јуни, македонската метропола воздушно ќе се поврзе и со Братислава, Копенхаген и Берлин. Со новите линии, надлежните очекуваат зголемување на приливот на туристи, продлабочување на бизнис конекциите, но и раст на карго превозот, пишува Лидер.

„Авиолинијата Скопје- Прага беше успешна и по тоа што претставуваше еден транзитен центар помеѓу Скопје и многу други европски градови, вклучувајќи ја и Русија. Очекуваме да се зголеми и карго сообраќајот“, вели Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Најфрекфентна дестинација- Истанбул

Статистиката на ТАВ Македонија покажува дека најфрекфентни дестинации се Истанбул, Цирих, Виена, Малме, Базел и Лондон. Сè повеќе се зголемува интересот и за новите дестинации од Скопје како Женева, Фридрихшафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нирнбег, како и две од Охрид- до Лондон и до Базел.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Macedonian airports see strong growth

Tuesday, February 9, 2016

Macedonia's two international airports - Skopje and Ohrid - have recorded strong passenger growth in January. Combined, the two handled 113.886 travellers, an increase of 25.7% compared to the same month last year. The number of operated flights also grew, with a total of 1.139 aircraft movements recorded, up 13.2%. Separate figures for both airports will be published in the coming days.

Skopje Airport was one of the former Yugoslavia's fastest growing last year, handling 1.452.465 passengers, an increase of 20.2%
http://www.exyuaviation.com/p/macedonian-airports-see-strong-growth.html
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Уште една авио линија од Македонија - Скопје – Доха


Нова авиолинија Скопје – Доха. Компанијата Qatar Airways на својот твитер профил ја објави информацијата за поврзување на Македонија и Катар. Лидерот на владеачката партија Груевски ја сподели информацијата на својот фејсбук профил, и потенцираше дека новата линија е резултат на залагањата што ги прави Владата за обезбедување на нови дестинации за граѓаните.

Сето ова беше иницирано при мојата посета на Доха за време на средбата со емирот Хамад бин Џабир Ал-Тани, по што се реализира и средба со нивната авиокомпанија, на која беше разговарано за можноста за отворање на директен лет. Тие контакти продолжија при што компанијата Qatar airways донесе позитивна одлука. Во текот на 2016-та година ќе има директно поврзување со Доха, Катар, кој претставува еден од најмоќните економски емирати и е значаен трговски центар.

Инаку преку финансиската поддршка што се обезбеди за воведување на евтини авио - линии до сега воведени се евтини летови до 20 градови во Европа, од Скопје кон Лондон, Венеција, Малме, Базел, Ајндховен, Дортмунд, Милано, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Брисел, Франкфурт, Келн, Париз, Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург, Фридрихсхафен и од Охрид кон Базел. Ваквата можност за евтини летови досега ја искористија преку 2 милиони патници кои заштедиле на своите буџети, ја искористиле понудената можност за патување до некоја европска дестинација. До крајот на овој месец ќе се воведат уште три нови дестинации кон Братислава, Копенхаген и Берлин, а од мај авиокмпанијата Czech airlines ќе воведе линија до Прага.

Информацијата ја потврди и министерот за транспорт Мисајловски.

Со постојните и новите авио линии од домашните аеродроми може да се лета до вкупно 34 дестинации, односно 35 со новата линија до Катар. За споредба, во 2005 имало летови само до 15 дестинации, а од пола милион патници тогаш, лани беше достигната рекордна бројка од 1,5 милиони патници.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Постојан раст на бројот на патници по преземањето на аеродромите од турската компанија „ТАВ“


Бројот на патници на аеродромите продолжува да расте. Од почетокот на годината заклучно со февруари, од двата аеродрома во земјава превезени се над 219 илјади патнци, што е за 27,9 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

Најзастапени дестинации во овој период се Цирих со 12,2, Истанбул со 12, Малме со 5,6, Базел со 5,2, Лондон со 5,1 и Виена со 4,8 отсто.

Авиосообраќајот бележи континуиран раст откако турската компанија ТАВ стана концесионер на аеродромите во Скопје и Охрид.

Напоредно владата воведе финансиска поддршка за компании кои ќе летаат од и до Македонија.

Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски

Заводот за статистика денес ги објави првите податоци за туризмот годинава. Бројот на туристи во јануари пораснал за 16,3% во однос на истиот месец лани.

Најизразен е растот на странските посетители. Во јануари земјава ја посетиле над 21 илјада странски туристи, што е за 17,5% повеќе од истиот период минатата година.

Најпосетена дестинација бил главниот град.

Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Воспоставни авиолиниите до Берлин, Братислава и Копенхаген


Македонските патници од денеска од скопскиот аеродром два пати неделно можат да летаат за Берлин, Братислава и Копенхаген. Цените на билетите се движи од 900 до 1.500 денари. До Берлин се лета во вторник и сабота, за Братислава понеделни и петок, а до Копенхаген во среда и недела. Од Визер најавија дека од 20 јуни се воведува и авиолинија од Скопје до Хамбург.

Визер предвидвидува и обуки за пилоти. Трошоците ќе ги покрие државата, а кога ќе се вработата во компанијата трошокот за школување ќе им биде одбиен од платата во наредните 30 месеци. Досега во оваа програма успешно се обучуваат четворица пилоти од земјава.

- Директорот за летечки операции во „Визер“ Давид Морган информира дека покрај досега вработените 75 лица од Македонија на различни позиции авиокомпанијата го поддржува потребниот транзит на лиценците на македонските пилоти за да можат да бидат ангажирани во „Визер, рече Давид Морган- директор за летање во Визер

Со воведувањето на трите нови линии Скопје наместо со 11 воздушно ќе биде поврзан со 14 главни градови во Европа.

Државните субвенции за нискобуџетски компании освен што го поттикнаа туризмот придонесоа и за развој на авиосообраќајот во земјава

Со Визер од Македонија се лета до 24 европски дестинации
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Охридскиот аеродром втор најбрзо растечки аеродром во Европа


Охридскиот аеродром е втор најбрзорастечки аеродром во Европа во првите три месеци од годината во категоријата под пет милиони патници годишно, соопшти ТАВ Македонија.

Признанието доаѓа од Меѓународeн совет на аеродроми за европскиот регион, кој евидентира раст на бројот на патници на „Св.Апостол Павле“ во првиот квартал од 173,9%.

Според компанијата, значителниот пораст надвор од туристичката сезона, се должи на новите линии од охридскиот аеродром за Базел, Цирих и Лондон. Очекувањата се порастот да продолжи со оглед на чартер-летовите во претстојната сезона при што најбројни ќе бидат патниците од Холандија, но и на директната редовна линија Охрид-Белград, која стартува во јуни, како и новите чартер-летови: Охрид-Тел Авив и Охрид-Брисел кои ќе започнат од следниот месец.

Извештајот вклучува 206 аеродроми преку кои се одвива 88 отсто од европскиот воздушен сообраќај на патници.

Во првите четири месеци од 2016 г преку двата македонски аеродроми биле превезени 486.968 патници, што е пораст од 28% споредено со истиот период лани. Во исто време, бројот на полетувања и слетувања на двата аеродроми е зголемен за 15%.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Нови авиолинии од македонските аеродроми

Од 20-ти мај, директен лет со Чех Ерлајнс до Прага, од јуни три пати неделно со Ер Србија до Белград, од окомври Катар Ерлајнс најави- од Скопје ќе лета кон Доха и обратно.


Со евтините авиобилети, авионскиот превоз стана прифатлив за сите граѓани. Се зголемува бројот на дестинации до кои може да се стаса од македонските аеородроми. Од 20-ти мај, директен лет со Чех Ерлајнс до Прага, од јуни три пати неделно со Ер Србија до Белград, од окомври Катар Ерлајнс најави- од Скопје ќе лета кон Доха и обратно.

На агендата, со Виз Ер и до Берлин, Копенхаген, Братислава. Нискобуџетската компанија почна да оперира со нов Ербас А321 од Македонија.

Сега од „Александар Велики“ се патува кон Барселона, Безел, Брисел, Келн, Дубаи. Надлежните најавија, годинава ќе се оперира кон 35 дестинации. Најфрекфентни се Виена, Истанбул, Цирих, Малме.

Се зголемува интересот за летање кон Женева, Осло, Хамбург. Агенциите најавија, директни чартери и до Крит.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
„Визер“ ја одбележа 12 годишнината од првиот лет





Со промотивен лет на новиот Ербас А321 денеска нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, кој сообраќа на скопскиот аеродром, ја одбележа 12-годишнината од својот прв лет.

Генералниот извршен директор на компанијата Јозеф Варади заедно со авионскиот екипаж беа пречекани на аеродромот „Александар Велики“ од страна на генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски.

По повод годишнината беше промовирана и новата веб страница на компанијата на која има распоред лесно прилагодлив за смартфони, таблети или десктопи. Функцијата (експресно резервирање) е првата од овој вид која им овозможува на корисниците да купат карта со само три клика во рок од 30 секунди. Веб-страницата е достапна директно од смартфон преку wizzair.com или преку m.wizzair.com.

- Во изминатите 12 години, „Визер“ го револуционизираше воздухопловството низ Централна и Источна Европа. Ние моментално поврзуваме 39 држави, со дестинации кои се протегаат од Европа до Блискиот Исток. Минатата година го лансиравме нашиот освежен бренд и го испорачавме првиот Ербас А321, најефикасниот авион со еден коридор во светот и со нашите тековни испораки, нашата флота останува една од најмладите во Европа. Нашата мисија е константно да го подобруваме патувачкото искуство на нашите патници, а денес, правиме чекор напред со лансирањето на нашата нова веб-страница, изјави Варади.

Директорот на скопскиот аеродром Зоран Крстевски рече дека слетувањето на новиот „Ербас“ и одбележувањето на 12-годишнината на „Визер“ е потврда за добрата соработка меѓу двете страни.

- Визер почна со летови на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во јуни 2011 година, со првиот лет до Лондон (Лутон). Денес можеме да се пофалиме дека Визер лета на вкупно 24 дестинации, поврзувајќи ја Македонија со 11 европски држави. Зголемената мрежа на дестинации и зголемениот сообраќај на двата македонски аеродроми нè охрабрува да предложиме и нови дестинации, а зошто да не и на прекуокеански сообраќај, рече Крстевски.

Компанијата е основана во септември 2003 година, а во Македонија почна да сообраќа од 2011 година. Оттогаш константно ги зголемува своите операции во регионот и планира да го зголеми својот расположлив капацитет за 22 проценти. Авиокомпанијата има пилоти и тим од 115 вработени и располага со три авиони стационирани во Скопје. До денес, авиокомпанијата услужила 2.2 милиони патници на нејзините 24 рути до 11 држави, од два македонски аеродроми во Скопје и Охрид.

Двата македонски аеродроми пак бележат зголемување за 22 проценти на вкупниот број патници во 2015 година кога се евидентирани 1,560,381 патници. Трендот на зголемување на авиосообраќајот продолжува и оваа година. Во првите четири месеци од годинава преку двата македонски аеродрома беа пренесени 486,968 патници, што е за 28 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2015 година. Исто времено, бројот на полетувањата и слетувањата на двата аеродрома е пораснат за 15 проценти.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Повторно воведена авиолонијата Скопје - Прага


Чех Ерлајнс од денеска официјално почнува да лета на релација Скопје- Прага. Првично ќе има два лета во неделата , а од следниот месец ќе се воведе уште еден. Билетот во едне правц чини 75 евра, а повратниот 144 евра со вклучени такси. Картите се веќе во продажба. Оваа линија се воведува на барање на патниците. Од први јули до септемрви Чех ќе воведе и чартер лет од Скопје до Крит.

Од Тав очекуваат новата линија да го зголеми бројот на туристи од Чешка, карго превозот , а за ќе им овозможи на македонските патници да ја посетата убавата Прага.

Чех Ерлајнс по четири години пауза повторно е во Македонија. Компанијата ја опслужуваше линијата Скопје- Прага од 2005 до 2012 година. Поради преструктуирања во Чех линијата беше прекината.

Во првиот квартал од годинава на двата аеродроми во земјава превезени се близу 500 илјади патници што е раст од 28 отсто во споредба со истио период лани.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Туркиш ерлајнс ги зајакнува капацитетите во Македонија




Туркиш ерлајнс ја интензивира соработката во Република Македонија. Во рамки на својата стратегија од денеска во Скопје компанијата отвори нова канцеларија за своите услуги. Во Македонија се присутни 18 години.

- Почнавме во 1998 година со два лета неделно, а денес благодарение на добрата соработка имавме интензивен раст на бројот на патници и достигнавме два лета дневно, рече на отворањето на канцеларијата Илкер Бајдар, директор на Туркиш ерлајнс во Скопје.

Tој оцени дека со отворањето на претставништвото Туркиш ерлајнс ги зајакнува своите капацитети во Македонија.

На отворањето на новата канцеларија присуствуваше турскиот амбасадор во Македонија Омур Солендил истакна дека отворањето на претставништвото е особено значаен чекор за натамошен успех на Туркиш ерлајнс.

Компанијата, како што истакна Мерт Дорман, заменик-претседател на Туркиш ерлајнс за Источна Европа и Балкан, почна со работа во 1933 година со пет авиони, а од 2003 година доживеа интензивен раст и меѓу најдобрите компании во светото. Целта, додаде тој, е да достигнат флота од 500 авиони и 120 милиони клиенти во светот.

Поставените цели, како што рече, се постигнуваат со отворање нови директни линии, зголемување на фреквенцијата кон постојните дестинации и развивање на своите услуги во што се вклучува и отворањето на оваа канцеларија.
 
441 - 460 of 494 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top