SkyscraperCity Forum banner
461 - 480 of 494 Posts

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Нова авиолинија Брисел - Охрид




Со пристигнувањето на првата група туристи од Брисел на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе биде означен почетокот на авионската линија Брисел - Охрид.

Туристите на охридскиот аеродром ќе пристигнат во понеделник наутро со туроператорот „Томас Кук“.

На официјалниот почеток на оваа авиолинија најавено е обраќање на претставници од ТАВ Македонија, туроператорот „Томас Кук“, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и од локалната самоуправа на Охрид.

Со воведувањето на оваа авиолинија се очекува да се зголеми бројот на туристи од Брисел, но и другите европски дестинации.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ СО РЕКОРДНИ 808.888 ПРЕВЕЗЕНИ ПАТНИЦИ

Македонските аеродроми „Александар Велики“ и „Св. апостол Павле“, во првите шест месеци годинава, регистрирале рекордни 808.888 превезени патници. Оваа бројка е за 27 проценти поголема од истиот период лани кога имало 637.683 патници. Најзастапени дестинации според бројот на патници се: Истанбул 12,8 отсто, Цирих 10,4 отсто, Виена 5,7 отсто, Малме 5,1 отсто, Базел 5,1 отсто и Лондон 4,6 проценти. Паралелно има зголемување и на бројот на прелетите. На „Александар Велики“ и на „Св. апостол Павле“ во првите шест месеци годинава имало 7.758 прелети, за разлика од 6.739 колку што биле во 2015.

Според податоците од Министерството за транспорт и врски, растат турканиците на скопскиот аеродром каде што во периодот од јануари до јуни 2016 се превезени 759. 244 патници, што е за 140 илјади повеќе од истиот период лани кога имале 610.511 патници. Рекордни бројки бележи и охридскиот аеродром. Годинава имале 49.644 патници што е дури за 82 проценти повеќе од истиот период лани кога биле превезени 27.172 патници.

Статистиката покажува дека зголемувањето на бројот на превезени патници на македонските аеродроми во изминатите години е огромен. Во првите 6 месеци во 2009 година, пред да бидат изградени новите аеродроми, имало 270.249 патници. Во 2011 тој број е зголемен на 337.888, за во 2012 да биде над 400 илјади. Во 2015 има драстично зголемување и на двата аеродроми во првите шест месеци биле превезени 637.683 патници.

http://utrinski.mk/?ItemID=C2F3841C2122A644BA000C841C27BFA5
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
За 22,5 проценти зголемен бројот на патници на македонските аеродороми




Во првата половина од годинава од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид превезени се 1.008.435 патници, што споредено со минатата година претставува зголемување за 22,5 процента, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Според ресорното Министерство, продлжува трендот на раст на бројот на патници кои поминале на двата аеродрома во Македонија.

На скопскиот аеродром од јануари до јули одинава се регистрирани 933.130 патници што, во однос на истиот период лани кога биле превезени 775.177 патници, претставува пораст од 20, 4 проценти.

На охридскиот аеродром, пак, во првите шест месеци се превезени 75. 305 патници, или за 55,9 проценти повеќе од минатогодишниот ист период.

Согласно реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за овој период се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.

- Рекордниот број на превезени патници во овој период како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија, истакнуваат од Министерството за транспорт и врски.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
„М-Нав“ и „Еуроконтрол“ потпишаа Договор за наплата на терминални услуги




Претставници на Европската организација за безбедност и воздушна пловидба „Еуроконтрол“ и на Македонската агенција за воздухопловна навигација „М-Нав“ денеска во Охрид потпишаа Договор за поблиска меѓусебна соработка во делот на наплатата на терминалните надоместоци.

Живко Попоски, претседател на Управен одбор на „М-Нав“, појасни дека потпишувањето на овој договор претставува континуитет во соработката на двете институции во прибирањето и наплатата на средствата за дадените услуги, бидејќи 90 проценти од средствата наплатени од прелетите се опфатени со претходните договори.

- Досега прибирањето на средствата за реализираните услуги се вршеше во готовина, преку операторот „ТАВ“ и потоа со сметкопотврда се префрлаа на нашата сметка. Сега финансиските трансакции ќе бидат многу почисти и побезбедни од многу аспекти. Автоматски се ослободуваат клиентите од носење пари во готово, сите средства ќе се трансферираат преку сметка, што значи олеснето, транспарентно, побезбедно деловно работење и секако поефикасна наплата, рече Попоски.

Генералниот директор на „Еуроконтрол“ Франк Бренер рече дека Република Македонија, една од 41-те членки на Европската организација за навигациски услуги, придобивките од денеска потпишаниот договор ќе ги добие преку олеснета и ефикасна деловна комуникација со корисниците на услугите што ги дава Агенцијата, истовремено олеснувајќи ги соодветните административни процедури за самите клиенти.

- „Еуроконтрол“ преку Канцеларијата за наплата на прелети ќе врши наплата на надоместоците за терминалните услуги во корист на давателот на услугите, во случајот македонската навигација. Секако нашата улога тука е помош во наплатата на дадените услуги за сите наши членки, така што даваталите на услуги во иднина нема да мораат да се грижат околу наплатата на терминалните надоместоци. Сите средства собрани од наплатата на надоместоците потоа се префрлаат на давателот на услугите за користење на воздушниот простор, рече Бренер, нагласувајќи дека денеска потпишаниот договор е само логична последица на интензивната и одлична деловна соработка на „Еуроконтрол“ и Македонската агенција за цивилна воздухопловна навигација.

Горан Јандреовски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, истакна дека потпишувањето на денешниот договор е резултат на активностите што Агенцијата заедно со Министерството за транспорт и врски ги спроведува за унапредувње на соработката на македонските и европските институции задолжени за областа на цивилната воздушна пловодба.

- Нашата соработка со „Еуроконтрол“ е мошне интензивна. Вакви проекти ќе следат и во иднина, се со цел унапредување на индустријата во Република Македонија, рече Јандреовски.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Зголемен бројот на патници на аеродромите, најбараната дестинација Истанбул




За 17 проценти е зголемен бројот на патници кои се превезени преку двата македонски аеродроми во првите девет месеци од годинава споредено со истиот период минатата година.

Компанијата „ТАВ Македонија“ денеска соопшти дека вкупниот број патници достигнал 1.382.714, а зголемување од 11 проценти има и кај вкупниот број полетувања и слетувања, односно во првите девет месеци се реализирани вкупно 13.009 летови.

Најфреквентна дестинација од скопскиот аеродром бил Истанбул по што следуваат Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон. Со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ патувале најголем број патници, а потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“, „Германија флуг си“ и „Пегасус ерлајнс“.

Од „Тав Македонија“ најавуваат нови авиолинии и посета на тур-оператори.

- Нашите главни заложби како менаџмент, силно поддржани од маркетинг одделот на ТАВ Аеродроми, како и од Владата како наш партнер, ќе останат фокусирани на привлекување нови авиокомпании, отворање нови дестинации и зголемување на бројот на фреквенции на постоечките рути, со цел да генерираме поголем сообраќај. Со новите дестинации кои ќе бидат отворени од скопскиот аеродром – Хановер на крајот на овој месец, и Доха на почетокот од 2017 година, очекуваме натамошен пораст на авиосообраќајот, што ќе ги направи нашите аеродроми поатрактивни и повидливи на регионално ниво за глобалните авиокомпании и тур-оператори, вели Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Во текот на овој месец, Македонија ќе ја посетат и претставници на два големи полски тур оператори со цел да ги разгледаат можностите за воспоставување на првата авио-врска меѓу Полска и Македонија, со чартер-летови до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ од Варшава и од Катовице во текот на летната сезона во 2017 година.

„ТАВ Македонија“ соопшти дека неодамна Македонија ја посетиле и француски тур-оператори кои ги разгледувале можностите за воспоставување чартер-летови до охридскиот аеродром. - ТАВ Аеродроми е во комуникација и со други тур-оператори од Германија, Израел, Грција, Русија и Скандинавските земји, со истата цел – да го зголеми бројот на летови и вкупниот сообраќај на „Свети Апостол Павле“, се наведува во соопштението.

Во првите девет месеци од годинава има пораст од 16,6 проценти и на карго сообраќајот на скопскиот аеродром, достигнувајќи 2.345 тони, што најмногу се должи на зголемените карго-летови за превоз на стоки на извозните компании.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Полски туроператори разгледуваат можност за чартер лет Охрид - Варшава


Полски туроператори ја разгледуваат Македонија како туристичка дестинација и можно е догодина за првпат да се воспостави авиоврска меѓу Македонија и Полска, односно Охрид и Варшава.

Менаџментот на ТАВ вели дека компанијата чиј основен бизнис е оперирање со аеродромите, всушност активно е инволвирана во промоција на Македонија бидејќи турзимот носи развој и на авиосообраќајот.

- За време на овој месец уште еден полски тур-оператор кој работи во цела Европа ќе ја посети Македонија на наша покана со истата цел, да ги вклучи Охрид и Македонија во нивните аранжмани. Неодамна, француски оператори ја посетија Македонија и Охрид на наша покана од истата причина. ТАВ Аеродроми е во комуникација со други тур-оператори со цел да го зголеми бројот на летови и авиосообраќајот на Охридскиот аеродром, вели Алпер Ерсој, заменик генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

Најмногу дојдовен сообраќај во Македонија има од Истанбул што кореспондира и со статистичките податоци дека Турците се најбројни туристи во Македонија.

Од големо значење за концесинериот е соработката со државата која нуди субвенции за воспоставување нискобуџетни авиолинии, а честопати туроператорите Македонија ја откриваат кога преговараат за друга дестинација каде што оперира холдингот.

- На пример, знаете дека Томас Кук почна да лета за Охрид од ова лето. Ние ги убедивме да го посетат Охрид додека преговаравме за летови кон Бодрум. Бевме нивни домаќини во Македонија и им покажавме дека Македонија може да им понуди на нивните муштерии туристичка дестинација. Истото се случи со Аркиа Израели Ерлајнс. Ги убедивме да дојдат во Македонија додека дискутиравме за летови кон Батуми, Грузија. Нашиот маркетинг тим постојано е присутен на меѓународни туристички саеми и конференции за туризам и авиосообраќај и ги промовира земјите и градовите каде што операрираме со аеродроми, вели Ерсој.

Македонските аеродорми бележат континуиран раст на бројот на патници кој на годишно ниво често е и највисок во регионот. Во 9 месеци од оваа година се зголемил за 17 проценти. Месецов ќе се воспостави линија до Хановер, а догодина до Катар.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Изненадување од ВизЕр - неверојатна цена за лет од Скопје до Хановер




Новата линија Скопје – Хановер со Виз ер од скопскиот аеродром Александар Велики почнува в понеделник, 31 октомври, заеднички соопштија денеска ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор и Виз ер, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа.

Првиот авион од Скопје за Хановер на 31 октомври ќе полета во 18:50 часот, а потоа од Хановер ќе пристигне во Скопје на 1 ноември во 00:25 часот. Авиопревозникот ќе оперира на оваа линија двапати неделно за време на зимската сезона 2016/2017 година. Авионите ќе заминуваат од Скопје за германскиот град секој понеделник и петок, а оттаму за Скопје ќе доаѓаат секој вторник и сабота.

- Хановер е 23 дестинација со која Виз ер оперира од скопскиот аеродром Александар Велики, а истовремено деветта дестинација од Скопје и од Македонија до Германија. Задоволни сме од брзата експанзија на мрежата на дестинации на македонските аеродроми што ја постигнавме во изминатите години и ќе продолжиме да работиме на нејзиното натамошно проширување заедно со авиокомпаниите, Владата како наш партнер и сите инволвирани институции во воздухопловството. Очекуваме оваа авиолинија да се покаже како успешна и да ги поврзува нашите патници со Германија, од деловни и образовни причини или пак за одмор и релаксација, а во исто време да донесе и германски туристи и бизнисмени во Македонија - изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што информираат од Виз ер, седиштата на новата авиолинија Скопје – Хановер може да се резервираат по цени кои почнуваат од 899 денари за билет во еден правец, со вклучени такси и задолжителни давачки, преку веб-страницата на авиокомпанијата www.wizzair.com.

-Радосни сме што воведуваме уште една линија од аеродромот Александар Велики до Хановер. Со цени за билетите почнувајќи од 899 денари, сигурни сме дека оваа линија ќе биде популарна како и другите 22 рути во нашата мрежа во Скопје. И понатаму остануваме посветени на Македонија и ќе продолжиме да ги нудиме најниските можни цени за авиобилети, заедно со одличната услуга во воздухопловот и одличното искуство за време на патувањето. Нашиот пријателски настроен екипаж од Македонија со нетрпение ве очекува да ве пречека за лет на Виз ер со насмевка - рече Тамара Валоис, раководител на Одделот за комуникации во Виз ер.

Покрај Хановер, како 23. дестинација на оваа авиокомпанија, скопскиот аеродром е поврзан со 8 други градови во Германија: Берлин, Келн, Дортмунд, Франкфурт, Фридрихсхафен, Хамбург, Минхен и Нинберг, сите управувани од Виз ер.

Скопскиот аеродром Александар Велики нуди директни линии до 33 дестинации, а заедно со охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, Македонија во моментов има авионска врска со вкупно 35 дестинации.

ТАВ Македонија ги заврши првите 9 месеци од 2016 година со 17% повеќе патници превезени на двата македонски аеродрома - Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, споредено со истиот период минатата година, достигнувајќи вкупно 1.382.714 патници. Во истиот временски период, од јануари до септември 2016 година, бројката на полетувања и слетувања на двата аеродрома во Македонија исто така е зголемена за 11% на вкупно 13.009 летови.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Аеродромите се повеќе се фактори за економски развој




Вкупно 1,6 милиони патници до крајот на годинава се очекува да евидентира скопскиот аеродром што е зголемување за 140 отсто во однос на 2010-та кога бројката беше околу 600.000. Зголемување на бројот на патници бележи и охридскиот аеродром, за 226 отсто во споредба со 2010 година.

Како што беше речено на обуката за новинари организирана викендов од ТАВ Македонија, бројот на патници на двата македонски аеродрома се зголеми, пред се, поради воведувањето на нискобуџетните авиокомпании.

Скопскиот аеродром кој во 2010 година имаше 15 дестинации, а денес брои 32, до летниот период планира воведување нови линии.

- Зголемениот број патници е најмногу благодарение на нискобуџетните компании. По нивното воведување, порасна бројот на летови. Но, ги донесовме и Туркиш Еерлајнс и Пегазус кој лета кон Блискиот Исток, а се вратија и Ал Италија и Чех Ерлајнс, истакна маркетинг-директорот на ТАВ Аеродроми Аслихан Чортук, според кој аеродромите се местата каде што патниците го добиваат првиот и последниот впечаток за државата, а Охрид не е најубавата дестинација на Балканот, туку една од најубавите во Европа.



Генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски потенцира дека согласно тенденциите во светски рамки, аеродромите веќе не се само даватели на транспортни услуги, туку стануваат сериозни фактори за економски и локален развој. Во таа насока се и активностите на компанијата. Како мала држава можеби не сме во позиција да бидеме некој глобален центар на светската мапа, но можеме да бидеме регионален центар, смета Крстевкси.

- Тоа е многу реално и на тоа работиме за што зборуваат и резултатите за најбрзоратсечки аеродром во регионот, подвлее директорот.

Во авиосообраќајот, додаде, има големи промени. Повеќето аеродроми веќе се одлучуваат да добиваат приходи од т.н. неавигациски услуги со што се менува и таргетот на патниците.

- Во Скопје има 32 дестинации што беше незамисливо порано кога имавме десетина. Многу дестинации има во скандинавските земји што овозможи да се прошири интересот на патниците од соседните земји. Се почесто имаме патници од Грција, Албанија, Косово, Јужна Србија, кои патуваат од нашите аеродроми. ТАВ Македонија настојува да оствари регионален пристап, посочи Крстевски.

Во однос на воведувањето нови линии, објасни, процесот не е едноставен. Една до три или пет години и се потребни на некоја авиокомпанија да одлучи да лета до одредена дестинација.

- Истражување, стратегија, проучување на случјаот, преговори и поддршка, се фазите кои треба да ги поминеме за да потврдиме дека некоја авиокомпанија ќе воведе своја линија. Се друго би било шпекулација или наивно да се очекува, дека некоја од авиокомпаниите или аеродромите по чуство за бизнис ќе каже дека ќе лета и ќе остварува некоја дестинација, рече Крстевски.

Тој го нагласи значењето на адвертајзиног зашто за да се донесе некоја дестинација, мора да се направи реклама. Патниците очекуваат еднакви услови како секаде во Европа и, не крајна цел да им биде присуството на аеродромот, туку од него да полетаат некаде и да го реализираат своето патување.

- За тоа сме во голема предност. Нашиот аеродром според функциите, технолоијата, е еден од помодерните, а во регонот најмодерен. Но, вложувањата за одржување на нивото на квалитетна услуга продолжуваат. напомена директорот.



Според него, во последните 15 години маркетингот еволуира како најзначајна стратегиска алатка на аеродромите зашто секој сака да оствари поголем успех. Во овој сегмент, либерализацијата на пазарот има огромно значење бидејќи овозможува и поттикнува конкурентност.

- Аеродромите веќе не се само даватели на услуги за транспорт, туку се повеќе се гледаат како потенцијал за комуникација на бизнисмените и создавање предуслови за инвестирање, посебно во делот на каргото, остварувањето брз трансфер на производство и услуги, потенцира Крстевски.

Авиосообраќајот во светски рамки генерира 58 милиони работни места и придонесува во светскиот БДП со 606 милијарди долари. Вкупно 51 отсто од туристичките патувања се реализираат со авиони, а статистиката евидентира 6,5 милијарди патници.

Во светот има вкупно 1.670 аеродроми, преку 900 комерцијални авиокомпании со 22.000 авиони, 160 провајдери и навигациски компании кои даваат услуги, а вредноста на карго-пратките што се остваруваат надминува 5,3 трилиони долари.

Како што беше речено на обуката, ТАВ холдингот е еден од водечките оператори. Управува 14 аеродроми со 102 милиона патници годишно или 280.000 дневно, опслужува преку 200 компании и дневно реализира 2.100 летови. Компанијата брои преку 50.000 вработени и нејзиниот годишен приход е преку 1,79 милијарди евра.

По континенти, на бројот на патници во Европа отпаѓаат 25 отсто, на азиско-пацифичкиот регион 33 проценти, на Северна Америка 25, на Средениот Исток 9, на Јужна Америка 6, а на Африка два отсто.

Најголем раст на авиосообраќајот бележи Средниот Исток поради големите инвестиции во тие земји.

Во Европа, во наредните 25 години, до 2035, се предвидува зголемување на авиосообраќајот кој ќе резултира со 580 милиони патници, а во азискиот дел, вклучувајќжи ја и Кина, бројката ќе надмине една милијарда.

На обуката во Струга се разговараше за развојот на авијацијата глобално, регулативите, институциите, предизвиците со кои се соочува дејноста, најчестите проблеми и поплаки на патниците, нивната (не)информираност, правата, доцнењата и откажувањата на летовите, безбедноста на аеродромите. На овие и други теми се осврнаа претставници од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Македонската навигација, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Туркиш ерлајнс
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Европски ден на претприемачот во Скопје




Во организација на Европската бизнис асоцијација (EБA) денеска во Скопје ќе бидат отворени 11. „Европскиот ден на претприемачот & Европската недела на мали и средни претпријатија“.

Ќе биде одржана конференција „Женско лидерство, личен развој и етика“, на која ќе говорат претставници на Европскиот економски и социјален совет, експерти за родова еднаквост, жени менаџери, универзитетски професори.

„Европскиот ден на претприемачот & Европската недела на мали и средни претпријатија“ се организира со цел промовирање на претприемништвото и малите и средните претпријатија како главни двигатели на економскиот раст и развој.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Воспоставена директна авиолинија Охрид - Цирих со „Германија флуг АГ“




Од 17 декември годинава ќе биде воспоставена директна авио линија од Скопје до Цирих со швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“, соопшти денеска ТАВ Македонија.

Оваа дестинација веднаш ќе биде додадена на распоредот на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Летовите ќе се реализираат во соработка со тур-операторот „Ер Приштина“, а билети веќе можат да се резервираат на интернет-страницата www.airprishtina.com.

Според договореното меѓу ТАВ и „Германија флуг АГ“, авиокомпанијата ќе оперира еднаш неделно во зимскиот ред на летање за сезоната 2016/17, а тој бројот ќе се зголеми на двапати во неделата во текот на летото следната година. Претставниците на авиопревозникот неодамна ја посетија Македонија на покана на ТАВ и се сретнаа со членови на маркетинг-одделот на аеродромскиот оператор, како и со менаџментот на „ТАВ Македонија“.

- Навистина сме среќни што оваа соработка ќе почне да се реализира и на тој начин ќе се зајакнат нашите напори за презентирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација и особено, едно од нејзините најубави места, Охридското езеро и градот. Очекуваме оваа рута да служи како добра врска помеѓу Македонија и Швајцарија, но и да функционира како линк меѓу Германија, особено нејзиниот јужен дел, и Швајцарија со Македонија како крајната дестинација, истакна Серкан Карахатај, маркетинг-координатор во „ТАВ Аеродроми“.

Додавањето на оваа дестинација е дел од маркетинг-активностите на ТАВ со цел да се прошири листата со летови на двата македонски аеродрома - скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“. Неодамна, на покана на ТАВ, поголем број француски и полски тур-оператори ја посетија Македонија и Охрид со истата цел - воспоставување нови летови и зголемување на сообраќајот на охридскиот аеродром.

- Летовите од Охрид до Цирих ќе ги реализираме во име на нашиот партнер „Ер Приштина“. Пресреќни сме што нашето долгогодишно партнерство ќе го прошириме со оваа нова рута. „Ер Приштина“ и „Германија флуг АГ“ веќе соработуваат во Швајцарија на летовите од Цирих до Скопје, како и од Цирих и Женева до Приштина, вели Урс А. Пелицони, главен комерцијален директор и извршен член на одборот на „Германија флуг АГ“.

Оваа авиокомпанија, чие седиште е во Глатбруг, Цирих, е основана во август 2014 година. По првиот лет во март 2015, авиопревозникот обезбедува услуги на низа дестинации за одмор и до градови во балканскиот регион.

Освен воведување нови линии, „ТАВ Македонија“ годинава евидентира и зголемен број на патници. Во првите 10 месеци од 2016, во споредба со истиот период лани, има пораст за 16 отсто односно на двата аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, е достигнат вкупен број од 1.534.591 патници. Во истот временски период бројот на полетувања и слетувања е зголемен за 11 проценти, односно реализирани се вкупно 14.406 летови.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Авиосообраќајот лани забележал пораст од 15% кај бројот на патници- низ двата аеродроми минале 1,8 милиони патници

Авиосообраќајот во нашата земја лани забележал пораст од 15% кај бројот на патници. Низ двата македонски аеродрома во 2016 година минале вкупно 1.794.376 патници.

Зголемување на корисниците на воздухопловниот превоз има и кај скопскиот „Александар Велики“ и кај охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Аеродромот во Охрид забележал рекорден пораст од 39,2% кај бројката на превезени патници. Од ТАВ Македонија денеска соопштенија дека е забележан и пораст од 8,9% кај бројот на операции, кои достигнаа до 16.883 летови во текот на 2016 година.

Кога станува збор за најпопуларните дестинации, од ТАВ Македонија информират дека Истанбул со пазарен удел од 12,6% е најфреквентна дестинација од скопскиот аеродром, а по него следат Цирих со 10,2%, Виена со 6,3%, Базел со 5%, Малме со 4,8% и Лондон со 4,3% удел на пазарот. Од аспект на уделот на авиокомпаниите, „Визер“ има превезено најмногу патници и имала пазарен удел од 54,8%. По неа следуваат „Туркиш ерлајнс“ и „Аустриан ерлајнс“. Најфреквентен ден на скопскиот аеродром во 2016 година бил 12 август, кога е регистрирана бројка од 5.641 превезен патник.



Инаку, финансиската поддршка од државата за воведување на нови авио линии постојано се зголемува. Од 25 милиони денари поддршка во 2012-та, истата е за четири пати зголемена во 2016-та и изнесува 104 милиони денари.



ДЕСТИНАЦИИ 2016 година

Визер 25 вкупно дестинации

(ОД СКОПЈЕ) Лондон, Венеција, Малме, Базел, Ајндховен, Дортмунд, Милано, Минхен Меминген, Стокхолм, Гетеборг, Брисел, Франкфурт, Келн, Париз, Браселона, Осло, Нирнберг, Хамбург. Фридрихшафен, Базел. (ОД ОХРИД) Берлин, Копенхаген, Братислава, Хановер…

Дестинации од други авипревозници

Загреб, Женева, Прага, Дубаи, Белград, Љубљана, Рим, Истанбул Виена, Цирих. Од следната година најава Скопје – Доха преку „Катар ервејс“
 
  • Like
Reactions: Аполон

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Новите директни авио-линии од охридскиот аеродром го зголемија бројот на странски туристи


Новите директни авио линии од Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле го зголемија бројот на странските туристи.

Главниот туристички центар прерасна во препознатлива дестинација ширум светот.Покрај постојаните летови, минатата година стартуваа најголемиот европски тур-оператор, Томас Кук, на рутата Брисел-Охрид, чартерите Охрид-Белград на Ер Србија и Охрид-Тел Авив на Аркиа.

Минатата година посетата на полски и француски тур-оператори резултира со конкретен договор од оваа летна сезона најголемиот полски тур-оператор ќе почне со летови од Варшава и од Катовице до Охрид.

Во последните 4 години порастот на странските посетители во просек се движи до 15% зголемување во однос на претходната година, додека во последните 2 години реализирани се по над 300.000 ноќевања годишно.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
ТАВ преговара со Еуровингс за летови до Минхен и Дизелдорф




ТАВ Македонија преговара со германската нискобуџетна авиокомпанија Еуровингс, која е дел од групацијата Луфтханза, за воведување авиолинии Скопје-Минхен и Скопје-Дизелдорф, информираат од аеродромскиот оператор.

Оттаму нагласуваат дека по првичните преговори, деновиве претставник на Еуровингс во Скопје остварил средби со менаџментот на ТАВ Македонија и претставниците на маркетинг-одделот на ТАВ Аеродроми од Истанбул, како и со надлежните владини институции и туристичките агенции од земјава.

Еуровингс со седиште во Дизелдорф е дел од групацијата Луфтханза и се смета за нискобуџетна авиокомпанија. Лета до повеќе од 140 дестинации во над 40 земји во Европа, а позната е по добрата мрежа на рути до атрактивни туристички локации за одморање. Лета во повеќе земји од регионот, како Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Србија, Турција.

- Преговорите со Еуровингс се дел од нашите маркетинг активности кои постојано ги спроведуваме, со цел проширување на мрежата на линии од двата македонски аеродрома. Моментално со германскиот авиопревозник разговараме за линии до главниот аеродром во Минхен и до Дизелдорф. Доколку преговорите завршат успешно, македонските граѓани не само што ќе добијат дополнителни воздушни врски до овие градови во Германија, туку и нови конекции во рамки на Европа, како и интерконтинентални конекции за летање благодарение на код-шер договорот меѓу компанијата мајка-Луфтханза и компанијата ќерка - Еуровингс, вели Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Според него, ТАВ Аеродроми постојано презема слични активности, одржува состаноци и преговара со авиокомпании и тур-оператори, меѓу кои и посета на полски и француски тур-оператори на Македонија и на Охрид, минатата година, што резултира со конкретен договор и од оваа летна сезона најголемиот полски тур-оператор ќе почне со летови од Варшава и од Катовице до Охрид.

Во 2016 година ТАВ во Македонија го донесе најголемиот европски тур-оператор Томас Кук, што отпочна летови на рутата Брисел-Охрид, а во исто време стартуваа и чартерите Охрид-Белград на Ер Србија и Охрид-Тел Авив на Аркиа. Од скопскиот аеродром минатата година беа отворени четири нови линии до Берлин, Копенхаген, Братислава и Хановер со Визер.

Изминатата година, како што истакнуваат од компанијата, беше успешна за ТАВ Македонија. Продолжи високиот, двоцифрен раст на бројот на патници и достигна вкупно 1.794.376 патници на двата македонски аеродрома „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, со годишен пораст од 15 отсто. Во исто време, бројот на летови се зголеми за 8,9 проценти, односно во 2016 година беа реализирани вкупно 16.883 летови.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Авиолинија Скопје - Доха од јули, се преговара за летови кон Минхен и Дизелдорф


Од 17 јули Катар Ервејс воспоставува лет помеѓу Скопје и Доха. Авиокомпанијата официјално им соопштила на македонските власти дека започнува со процедурата за добивање на потребните дозволи и датумот за првиот лет.

- Се работи за една глоблана авиокомпанија која ќе понуди нови можности за македонските граѓани и директни летови кон Блискиот исток. Со ова се реализира уште едно залагање на Владата за зголемување на бројот на достапни авиолинии. Во последните неколку години авиосообраќајот во Македонија постигна вистински напредок, рече Мисајловски на денешната прес-конференција, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Денес, концесионерот ТАВ соопшти дека преговара со германската нискобуџетна компанија Еуровингс, која е дел од групацијата Луфтханза, за воспоставување летови од Скопје до Минхен и до Дизелдорф.

Минатата година беше најуспешната за двата македонски аеродроми со рекордни 1,8 милиони патници.

Македонија денес има повеќе директни авиолинии од било кога. Се лета до над 30 дестинации од кои до 25 со нискобуџетни летови.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Мисалјовски на средби со Туркиш ерлајнс и ТАВ за авиолинија од Македонија до САД и Канада




Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој претстојува во работна посета во Турција, денеска во Истанбул имал средби со Билал Екси, генерален менаџер на авиокомпанијата Туркиш ерјалнс, и со менаџментот на ТАВ, на кои се разговарало за можностите за воспоставување интерконтинентална авиолинија од Република Македонија до САД и Канада.

Мисајловски, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, ја образложил потребата од воспоставување ваква авионска линија со цел Република Македонија да има можност директно да се поврзе со прекуоакеанските земји, притоа нагласувајќи ја отворената соработка и партнерскиот однос на македонската Влада кон авиокомпаниите што оперираат во Република Македонија.

Имајќи предвид дека авиокомпанијата Туркиш ерлајнс е една од водечките авио компании во светот, а веќе извесен период оперира од македонските аеродорми, се отвора можност прв пат да се воспостави еден интерконтинентален лет, што ќе ги задоволи барањата на македонските граѓани од дијспората. Воведувањето на ваков лет, воедно ќе овозможи и зголемување на бројот на патници кои ќе транзитираат низ домашните аеродроми, како и можност аеродромот „Александар Велики” да стане водечки регионален центар, наведуваат од Министерството за транспорт и врски.

Во однос на процедурите и билатерланите договори, укажуваат дека Република Македонија има поптишано спогодби со Канада и САД, како и со трети земји за воспоставување воздушен сообраќај.

- Владата на Република Мкедонија во континуитет инвестира во подобрување на аеродромската инфраструктура и зголемување на капацитетот на авионскиот сообраќај во земјата. Како резултат на таквите политики, авионскиот сообраќај бележи во последните неколку години бележи зголемување преку 100%, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Од Македонија ќе се лета директно до Будимпешта


Нова авиолинија од Скопје до Будимпешта. Авиокомпанијата Визер ќе сообраќа два пати неделно и тоа среда и недела. Со воведувањето на новата дестинација се очекува дополнително да се зголеми бројот на патници и да се подобри бизнис размената меѓу двете земји. Целта е во иднина , само од скопскиот аеродром, да се превезат околу 2 милиони патници.

– Воведувањето на оваа линија меѓу Скопје и Будимпешта од страна на „Виз ер“ денеска е важен чекор напред за македонското воздухопловство, бидејќи со ова се исполнува побарувачката на пазарот што остана отворена во изминативе пет години, односно од февруари 2012 година. – изјави генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој.

Ниско тарифните линии несомнено го размрдаа авио сообраќајот. Поддршката од државата ги дава позитивните ефекти. Се работи на воведување на што е можно повеќе дестинации.

-Постојано се зголемува бројот на патници, постојано имаме нови дестинации. Но, исто така е многу важно што Визер го зголемува бројот на дестинации но не бара дополнителна финансиска поддршка од Владата односно од Министерството за транспорт. Мора продолжиме и да ги опфатиме сите главни градови во Европа и други дестинации, истакна министерот за транспорт Мисајловски.

Првите два месеци ТАВ Македонија ги заврши со 9 процентен раст на бројот на патници. Во периодот, превезени се речиси 240 000 лица.

Со новата авиолинија до Будимпешта, од Македонија може да се лета до вкупно 37 дестинации. Ова е рекордна бројка. Од јули стартуваат и летовите до Малта, Рим Ваксјо и Катар.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
,,ТАВ МАКЕДОНИЈА’’: ДВАТА АЕРОДРОМИ СО 20% ПОРАСТ НА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ ВО ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ

Двата македонски аеродроми, скопскиот ,,Александар Велики’’ и oхридскиот ,,Св. Апостол Павле’’, првите девет месеци годинава ги завршија со вкупно 1.183.728 патници, што е пораст од 20%

, споредено со истиот период минатата година, информираат од ,,ТАВ Македонија’’, компанијата која оперира со македонските авиопристаништа.

Во првите девет месеци преку скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ и охридскиот аеродром ,,Св. Апостол Павле’’ патувале вкупно 1.183.728 патници, што е зголемување за 20% во однос на истиот период минатата година. Во истиот период, од јануари до септември, на двата аеродроми се реализирани вкупно 11.695 летови, при што порастот на годишно ниво е 10%.

Најфрекфентна дестинација од ,,Александар Велики’’ и натаму e Истанбул (двата аеродроми ,,Ататурк’’ и ,,Сабиха Гокчен’’) со 14,4% пазарен удел во вкупниот сообраќај, а потоа следуваат Цирих, Виена, Малме, Базел и Лондон (Лутон). Меѓу авиокомпаниите, ,,Виз ер’’ има пренесено најголем број патници во периодот јануари-септември со 49% пазарен удел, а по него следуваат ,,Туркиш ерлјанс’’, ,,Аустриан ерлајнс’’, ,,Пегасус ерлајнс’’, ,,Ер Србија’’ и ,,Еделвејс’’.
 
461 - 480 of 494 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top