SkyscraperCity Forum banner
481 - 494 of 494 Posts

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Прв чартер лет од Катовице на Охридскиот аеродром




На охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, денеска ќе пристигне првиот чартер лет од Катовице (Полска) со авиокомпанијата „Смол планет ерлајнс“ во организација на најголемиот полски тур-оператор „Рего-бис“.

Како што соопшти ТАВ, на настанот пред присутните најавено е обраќање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој, амбасадорот на Република Полска во Македонија Јацек Мултановски и директорката на „Рего-бис“ Габриела Манка Сокулу.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Малта, Рим и Ваксјо, нови дестинации на Виз ер од скопскиот аеродром




Со реализација на летот од Малта на скопскиот аеродром „Александар Велики“, ТАВ Македонија денеска го одбележа воведувањето на трите нови дестинации - Малта, Рим и Ваксјо, како и одлуката на Виз ер да инвестира во поставување на 4-от воздухоплов во нејзината база во Скопје.

На новите рути од Скопје до Малта, Рим и Ваксјо, ќе се лета со модерниот Ербас А320 со 180 седишта. Патниците можат да ги резервираат авионските билети на wizzair.com со цени почнувајќи од 1.119,99 денари.

- Виз ер, авиокомпанијата која е број еден во Македонија, продолжува со својот пораст овозможувајќи им на нашите клиенти да патуваат низ Европа и подалеку по најниски цени. Нашиот четврти воздухоплов на скопскиот аеродром ќе создаде голем број дополнителни работни места, а новите дестинации кои се додаваат на мрежата на рути, значат уште поголем избор за патниците на Виз ер од 27-те популарни авиолинии од Скопје до 13 држави, изјави Сорина Рац, менаџер за корпоративни комуникации во Виз ер.
Новиот воздухоплов што се поставува денеска во базата во Скопје носи вкупна инвестиција во Македонија од 396 милиони долари, како и 139 вработувања, велат од Виз ер.

- Би сакал да ја изразам нашата благодарност за одлуката на Виз ер да го постави својот четврти авион во базата на скопскиот аеродром „Александар Велики“, што претставува значајна одлука бидејќи се работи за голема инвестиција, а тоа покажува дека воздухопловството во Македонија сѐ уште се развива и е стабилно. Со поставувањето на 4-от воздухоплов во базата во Скопје авиокомпанијата додава и три нови дестинации – Ваксјо (Шведска), Малта и Рим, а ги зголемува и фреквенциите на некои од веќе постојните авиолинии. ТАВ Македонија ќе продолжи да работи на отворање нови авиолинии, проширување на фреквенциите на веќе постојните рути, како и на носење нови авиокомпании на пазарот, за што сме во тесна соработка со Министерството за транспорт и врски и сите надлежни владини институции, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Експанзијата на Виз ер во базата во Скопје носи пораст од 17 отсто кон вкупниот годишен капацитет, вклучително и порастот на фреквенциите на некои од најпопуларните линии до: Ајндховен, Брисел (Шарлероа), Меминген (Минхен Запад), Копенхаген, Гетеборг (Ландветер) и Братислава. Во исто време, Виз ер ќе овозможи конекции на дневна основа од Скопје до популарните дестинации како што се Малме и Милхаус. Проширената ниско-буџетна мрежа на Виз ер во Македонија и понатаму ќе ја поттикнува туристичката и угостителската индустрија, притоа зајакнувајќи ги бизнис-односите меѓу земјите, истакнуваат од Виз ер.
Од почетокот на 2017 година, преку половина милион патници патувале на авиолиниите на Виз од Скопје, што претставува пораст од 12 отсто споредено со истиот период минатата година, а што во исто време поддржува 375 работни места во сродните индустрии од оваа област на работење.

ТАВ Македонија во првите шест месеци од 2017 година забележал 6 отсто пораст на бројот на патници, споредено со истиот период минатата година, или на двата македонски аееродрома, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, од јануари до јуни поминале вкупно 860.130 патници. Со новите дестинации на Виз ер, како и другите авиокомпании кои ќе се отворат, и зголемувањето на фреквенциите на постојните рути, од ТАВ Македонија очекуваат повисока стапка на пораст на сообраќајот во втората половина од оваа година.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Qatar Airways touches down in Skopje



Qatar Airways has launched flights to its third destination in the former Yugoslavia today, with the airline introducing services between Doha and Skopje. Flights will operate four times per week, each Monday, Wednesday, Friday and Sunday with an Airbus A320 aircraft. The airline will host a press conference in the Macedonian capital tomorrow morning, which will be attended by its Chief Operating Officer, Ehab Armin.

Commenting on the new route, Qatar Airways' CEO, Akbar Al Baker, said, “This summer is a busy one for Qatar Airways, as we continue our Eastern European expansion. Our new four-time weekly service to Skopje is a much-anticipated addition to our global route map, which will enable us to connect both business and leisure passengers to and from Macedonia. We look forward to welcoming our passengers on board flights to this captivating city”. The General Manager of Skopje Airport, Alper Ersoy, noted, “It is a great pleasure for us to welcome the first flight Doha - Skopje - Doha, a route that will be served four times a week, and the entrance of Qatar Airways on the Macedonian market, as one of the most appreciated brands in the airline business worldwide. Doha will be very attractive new destination for Macedonian citizens, for leisure and business as well, connecting them with more than 150 additional destinations in the world”.

Qatar Airways is promoting the launch of its new service on social media today under the slogan #SkopjeTogether.

http://www.exyuaviation.com/2017/07/photos-qatar-airways-touches-down-in.html#comment-form
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Еуровингс ќе лета од Скопје за Минхен

Нискобуџетната компанија Еуровингс од 31. октомври отвара нова линија од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до аеродромот „Франц Јозев Штраус“ во Минхен.

Летот ќе се реализира два пати неделно, односно секој вторник и петок .Цената на авиобилетите почнува од 39.99 евра.Билетите за летовите на оваа линија се веќе во продажба преку веб-страницата на авиокомпанијата eurowings.com.

– Среќни сме што Скопје се приклучува на нашата глобална мрежа од 150 дестинации. Веруваме дека оваа линија ќе обезбеди фантастични нови можности за зајакнување на релациите меѓу Македонија и Германија, а со тоа и дека ќе им овозможи на патниците од двете земји полесно да ги доживеат двата одлични града, Скопје и Минхен, изјави Иван Ореч, Директор за развој на мрежата на авиолинии на Еуровингс.

Генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој пак нагласува дека ова е уште една придобивка за граѓаните на земјава.

– Патниците и во Македонија и во Германија ќе имаат уште еден директен лет што ќе ги поврзува двете земји. Ова исто така го означува и почетокот на работењето на Еуровингс, како нискобуџетна авиокомпанија, на македонскиот воздухопловен пазар. Скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе биде поврзан со главниот аеродром во Минхен, што ќе претставува одличен избор и можност за продлабочување на комуникацијата меѓу двата града. Друг важен факт за Еуровингс како членка на групацијата Луфтханза, е дека нашите патници, не само од Македонија, туку и од регионот, ќе имаат дополнителни конекции и во Европа и на интерконтинентално ниво надвор од Минхен – изјави Ерсој.

Тој најавува дека и во иднина ТАВ Македонија ќе се обидува да обезбеди што повеќе авиокомпании да почнат да летаат од и до скопскиот аеродром.

http://plusinfo.mk/vest/123466/eurovings-kje-leta-od-skopje-za-minhen
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
ТАВ: ТУИ ќе почне со летови Ајндховен-Охрид во 2018 година



Холандскиот тур-оператор ТУИ Холандија ќе воведе нови сезонски летови од Ајндховен до Охрид во летната сезона во 2018 гoдина, информира денеска концесионерот на македонските аеродроми, ТАВ Македонија. ТУИ ќе ги реализира летовите со нивната авиокомпанија – ТУИ флај.

ТУИ веќе лета на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридското Езеро секоја година, а сега ќе воведе втора авионска конекција со охридскиот аеродром. Авионите на холандскиот тур-оператор ќе летаат на новата линија, секој понеделник и петок, поврзувајќи ги аеродромите во Ајндховен и во Охрид .Ајндховен е лоциран во јужниот дел од Холандија и е блиску до белгиската граница.

- Среќни сме што ТУИ ги проширува своите операции носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи повеќе туристи на прекрасната охридска ривиера. Се надеваме дека турите на ТУИ ќе привлечат не само туристи од Холандија, туку и туристи од други европски земји, коишто ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат редовни посетители, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што објавија официјалните претставници на ТУИ, сезонските летови од Ајндховен треба да донесат од 3.000 до 3.500 патници на Охридскиот аеродром, додека вкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, ТУИ очекува да донесе 15.000 туристи на Охридското Езеро следната година.

- Веќе сообраќаме на линијата Амстердам–Охрид, а сега ќе почнеме со летови од Ајндховен до Охрид, двапати неделно, односно секој понеделник и петок, почнувајќи од 11 мај до 21 септември.Главната причина за воведување на оваа сезонска линија е поради тоа што сакаме да привлечеме туристи и од Белгија.Сигурни сме дека можеме да го прошириме пазарот, изјави Жак Кријнон, продукт-менаџер во ТУИ Бенелукс.

Како што најавија претставниците на ТУИ, на оваа линија ќе сообраќаат воздухоплови од типот Боинг 737-800. Моменталниот распоред на летање предвидува заминувањето од Ајндховен да биде во 11:00 часот, додека пристигнувањето во Охрид е предвидено за во 13:35 часот. Од Охрид кон Ајндховен воздухопловите ќе заминуваат во 14:25 часот, а ќе пристигнуваат во Ајндховен преку Тиват во 18:50 часот.

Од ТАВ Македонија информираат дека ги завршиле првите 11 месеци од годинава со 13 проценти пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1,9 милиони патници (1.876.304) на двата македонски аеродрома – Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид. Во исто време, бројот на летови е зголемен за седум проценти, достигнувајќи вкупно 16.756 летови.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
РЕКОРД Само вчера над македонското небо имало над 1.000 летови

Над македонското небо вчера се забележани рекордни 1.007 летови, со што втор пат оваа година се надмина бројот на летовите, велат од М-НАВ за МИА.

Директорот на М-НАВ Николче Тасески изјави за МИА дека вчера се остварени вкупно 943 прелети и 64 операции на аеродромите во Скопје и Охрид.

– Во првата половина на 2018 година продолжи трендот на континуиран раст на сообраќајот, кој започна во 2017 година кога се забележа раст од над 20 отсто на глобалниот сообраќај – вели Тасески.

Во првите шест месеци од 2018 година М-НАВ има реализирано вкупно 82.619 операции, наспроти 73.074 операции во 2017 година, со што бележи дополнителен раст од 13,6 отсто.

– Во однос на полетувања и слетувања бележиме раст од 15,9 проценти, 8.868 операции во 2018, наспорти 7.651 операција во 2017 година – нагласи Тасески за МИА.

Месец со најголем раст на вкупниот сообраќај е мај – со вкупен сообраќај од 19.594 во 2018 година, наспроти 16.768 во 2017 година, што претставува вкупен раст од 16,9 отсто на месечно ниво.

Трендот на континуиран раст на сообраќајот продолжува и во текот на летните месеци. Најоптеретен ден во неделата останува сабота, а среда, петок и недела се следни денови во неделата по оптеретност.

https://plusinfo.mk/%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B4-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE-%D0%B2%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D0%B4-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B5/
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Wizz Air unveils Macedonia expansion

Wizz Air will be adding eight new routes from Macedonia starting this March, after the carrier signed a new three-year subsidy agreement with the country for the introduction of new destinations. The no frills carrier will introduce year-long flights from Skopje to Baden Baden and Bremen, as well seasonal services from the Macedonian capital to Turku in Finland and Larnaca in Cyprus. In addition, Wizz will commence year-round operations to Ohrid from Malmo, Milan Malpensa, Memmingen and Dortmund. As a result, the low cost airline will base its fifth aircraft, an Airbus A320, in Skopje. The fleet expansion will also enable it to increase the number of weekly flights on existing routes from Skopje to Gothenburg, Hamburg, Cologne, Malta and Basel. According to the company,. the fifth jet represents a further 101 million dollar investment into the Macedonian aviation industry and will contribute to the creation of over thirty new direct jobs with Wizz Air.



Wizz Air's Chief Commercial Officer, George Michalopoulos, said, "Further expanding our Macedonian operations means that Wizz Air can provide even more opportunities for Macedonian customers to travel across Europe at the lowest prices. Today we announced the allocation of the fifth aircraft to our base at Skopje together with eight long-awaited routes from Skopje and Ohrid to Germany, Cyprus, Finland, Sweden and Italy". He added, "We are confident that our customers will appreciate these connections and that these routes will be as popular as the other thirty in our Macedonian network. We will continue to further expand our network footprint and provide truly affordable prices, as well as stimulate the local economy of the communities we serve".

The Macedonian Minister of Transport and Communications, Goran Sugareski, noted, "It is our pleasure today to start a new phase in the development of air traffic in the Republic of Macedonia. As the responsible government body, we are strongly committed to the development of air transport and creation of conditions for establishing access to new destinations for Macedonian citizens. Today we signed an agreement with Wizz Air, which is the beginning of a new cooperation and an opportunity to improve air traffic in our country. I would like to congratulate the airline. They remain a serious partner of the government in the development of air traffic in the Republic of Macedonia".



Tickets for the new routes are already on sale through Wizz Air's website. During the 2019 summer season, the low cost airline will offer 38 destinations from Macedonia.

exyuaviation.com
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
1,2 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид во првата половина од годината

Преку Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Свети Апостол Павле“ – Охрид во првите шест месеци од 2019 година патувале 1,2 милиони (1.163.667) патници, што претставува пораст од 12 проценти во споредба со истиот период од 2018 година, соопшти ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор.

Во исто време, вкупниот број летови на двата македонски аеродроми изнесува 9.792, со годишен пораст од 8 отсто.
Меѓународниот аеродром Скопје во моментов опслужува 42 дестинации, од кои 33 се нискобуџетни, управувани од 13 авиокомпании, додека аеродромот „Свети Апостол Павле“ – Охрид опслужува 20 дестинации, од кои 8 се редовни рути во текот на целата година, но и нискобуџетни во исто време, од 13 авиокомпании.

Според уделот во патничкиот сообраќај, од јануари до јуни 2019 година, Истанбул (и двата аеродрома – Истанбул и Сабиха Гокчен) е најфреквентната дестинација на Меѓународниот аеродром Скопје со 10,1 проценти пазарен удел, по што следуваат Цирих (6,9%), Базел (5,4%), Виена (5,4%), Малме (4,3%), Братислава (3,4%).

Во однос на уделите на авиокомпаниите во вкупниот патнички сообраќај, Визер превезе најголем број патници во првите 6 месеци и има 65,1% удел на пазарот, по што следуваат Туркиш ерлајнс (7%), Аустријан ерлајнс (5,3%), Германија флуг (4,2%), Пегасус ерлајнс (3,4%), Кроација ерлајнс (2,9%).
Каргосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје исто така има голем годишен пораст од 31,7 проценти, достигнувајќи вкупно 1.960.388 килограми, во периодот јануари-јуни 2019 година.

Ако се гледа статистиката за воздушниот сообраќај на двата аеродроми одделно, Меѓународниот аеродром Скопје во првата половина од годинава има 1.059.223 патници и зголемување од 8,5 отсто, додека аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид има 104.444 патници и 62.9 проценти годишен пораст.

Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) го рангираше охридскиот аеродром како еден од првите три аеродроми во Европа според стапката на пораст на бројот на патници во првиот квартал од 2019 година, која изнесуваше 63,9 проценти.
makfax.com.mk
 
481 - 494 of 494 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top