SkyscraperCity banner
1 - 20 of 130 Posts

·
Banned
Joined
·
2,235 Posts
Discussion Starter · #1 ·
The long delayed compensation for the Russian debt is supposedly finally going to be realized. The Russians should deliver equipment and build several magistral gas pipelines throughout Macedonia (60 million $ from the debt and 20$ million $ additional money from the Macedonian budget, totaling 80 million $)

The agreement is supposed to be signed between September and December this year, and the deadline for construction is 3 years.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=93744

Ќе се затвора рускиот клириншки долг
Мишко Иванов Коментари (1)
03.06.2008 19:22



Најрано до септември, а најдоцна до декември Македонија и Руската федерација би требало да го потпишат договорот за затворање на рускиот клириншки долг.

Ова за А1 го тврдат дипломатски извори. Велат дека се усогласува целиот проект со кој треба да се компензира долгот од 60 милиона долари.

Според проектот, ќе се гради гасоводна мрежа речиси низ целата држава. Вкупната инвестиција е 80 милиона долари.

Македонската држава ќе треба да доплати само 20 милиона, останатите ќе бидат дел од компензацијата за враќање на рускиот клириншки долг кон Македонија.

Проектот е веќе познат. Од постоечкиот гасовод пред Куманово се одделува крак кој преку Свети Николе ќе води до Штип и Велес.

Вториот крак од овој постоечки гасовод би требало да оди до Тетово и Гостивар, регион кој е индустриски експониран и кој има огромен потенцијал.

Се уште се разгледувале варијантите дали е можно од Велес гасоводната мрежа да стигне до Прилеп и Битола.

Нерешено, според ова, ќе остане уште Струмичко поле, но овој регион најверојатно ќе се поврзе преку Петрич, Бугарија.

Во проектот предвидена е и мрежата за главниот град. Според информациите, целиот овој проект би се изградил за три години.

Гасоводниот проект на Владата веќе и познат. Постоеше можност досега двапати да се потпише договор со Русите. Нема информација зошто се одолговлекува реализацијата.

Доброупатени во оваа проблематика велат дека на овој начин Македонија прави директен линк со Руската федерација, кој е од исклучително значење.

Домашната експертска јавност одамна предупреди дека Македонија за две до три години може да се соочи со сериозна криза за струја, а единствениот спас го гледа во гасот.

Истовремено земјава си го наплаќа рускиот клириншки долг, а обезбедена е и со гасна инфраструктура.
 

·
addicted user
Joined
·
211 Posts
:banana::banana::banana:

An Israeli company will construct the first solar power plant worth 1 billion euros in the vicinity of Sveti Nikole that will solve the chronic problem with lack of electricity in the country.
Ovce Pole, where there are 319 sunny days in the year will be the first solar valley in Europe where the solar energy will be maximally used. The signing of this agreement between Sveti Nikole Mayor and the leading people of the Israeli multinational company AIG for construction of 90 windmills that took place in June heralded the construction of the solar valley. From within the Israeli company they promised that the windmills will be finished in six months and the power plant in three years.
 

·
Super Moderator
Grad Oblakodera
Joined
·
38,360 Posts
Србија ќе инвестира 20 млн. евра во далновод кон Македонија

Српското државно претпријатие Електромрежа на Србија (ЕМС) планира во наредната година да изгради 400 киловолтен далновод од Ниш до границата со Македонија. Целата инвестиција е проценета на 20 милиони евра, а проектот ќе биде финансиран со донација на Европската унија, пренесе агенцијата Бета.

„Изградбата на овој далновод долгорочно ќе го решено прашањето за снабдување на југот на Србија со електрична енергија, ќе овозможи привлекување на странски инвестиции и ќе го поттикне развојот на локалната индустрија“, стои во соопштението на ЕМС.

Притоа се додава дека новиот далновод ќе биде од исклучително значење за целиот регион на југоисточна Европа, што особено важи за Грција, која во летниот период има зголемена потреба за електрична енергија.
 

·
THE ONE AND ONLY
Joined
·
334 Posts
Macedonia signs deal to build first wind farm


Tue Jan 31, 2012 6:06am EST
* 37 MW farm to generate 100 GWh per year

* Deal worth $73.13 mln

Jan 31 (Reuters) - Macedonian power utility ELEM said on Tuesday it had signed a deal with a consortium of Greek builder Terna and German engineering firm Siemens to build the Balkan country's first wind farm.

The deal includes procurement and installation of wind turbines and construction of accompanying infrastructure, such as power stations and power lines to connect the future farm to the grid, ELEM said in a statement.

The total value of the deal for the 37 MW wind plant amounts to 55 million euros ($72.13 million), of which 33 million would be provided by Germany's state-owned KfW Bank and the remainder by ELEM, it added.

ELEM operates 1,329 MW of power-generating capacity, of which 60 percent is coal-fired and 40 percent hydro power. The new wind farm would add 100 GWh of electricity generation per year.

In 2011 the utility produced 6,043 GWh of electricity, nearly 7 percent down from a year earlier due to a prolonged drought in the Balkans that has pushed water levels to record lows.

http://www.reuters.com/article/2012/01/31/macedonia-energy-wind-idUSL5E8CV26O20120131
 

·
THE ONE AND ONLY
Joined
·
334 Posts
300 Euros reimbursement for each installed solar collector
Tuesday, 07 February 2012

The Ministry of Economy reimburses 30% or 300 euros of the expenses of each family that has installed a solar collector. Citizens are able to apply for the funds at an open competition, which will run till late May.
Six million euros have been singled out from the budget to reimburse nearly 350 households, Economy Minister Valon Saraqini told a press conference on Tuesday.
"I call on the citizens to submit the necessary documents at a public call. The procedure is very simple," Saraqini said.
Energy prices are surging and Macedonia has huge potential to use solar energy, according to him.
"At the moment, 2.500 households have installed solar collectors. According to our estimations, they save up to 10.000 denars annually. If all of the 600.000 households have a solar collector installed, annual savings will amount to almost six billion denars," the Minister stressed.
The Ministry of Economy will conduct a campaign in February and March in a bid to increase the interest in installing solar collectors and to raise public awareness on the matter.
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
KОНЕЧНО ЌЕ СЕ ИСKОРИСТИ ПОЛОВИНА ОД KАПАЦИТЕТОТ НА ГАСОВОДОТ

Ќе потрошиме околу 400 милиони тони природен гас



Со почетокот на годинава Македонија доби поевтина цена на природниот гас, нешто што одамна не се случило. Kако што соопшти „Макпетрол“ кој има договор со „Газпром“ за и порака на рускиот гас, од јануари набавната цена се намалила од 579 на 496 долари за 1.000 кубни метри, а со тоа и продажната цена за стопанството е намалена за над 17 отсто. Но исто така се најави дека конечно ќе „мрдне“ и потрошувачката на овој енергент кој во изминативе години се трошеше во минимални количества. И ланската, како и годината претходно земјава има потрошено само околу 130 милиони метри кубни гас иако капацитетот на гасоводот е 800 милиони. За годинава се предвидува дека потрошувачката ќе се зголеми за нови 230 милиони кубици колку најави дека ќе искористи комбинираната гасна електрана ТЕ-ТО, во месеците во кои ќе произведува електрична енергија.

Истовремено, дополнителен корисник ќе биде и општина Kуманово која од се вклучи во потрошувачката, така што по 17 години од изградбата на гасоводот во земјава, ќе биде искористена половина од неговиот капацитет.

Намалувањето на цената на природниот гас секако ќе биде добредојдено за компаниите кои се приклучени на гасоводниот систем. Меѓутоа, колкава ќе биде нивната потрошувачка годинава секако ќе зависи од обемот на работа.

- Намалувањето на цената на природниот гас сигурно ќе влијае на намалување на производните трошоци. Меѓутоа, со оглед на намалените нарачки од нашите партнери, не можеме да направиме процена колку ќе биде нашава годишна потрошувачка. Ако се стабилизира пазарот, ќе се зголеми и потрошувачката, вели Александар Панов, директот на „Макстил“, една од компаниите приклучени на гасоводот.

Поголемата потрошувачка може да придонесе и за натамошно намалување на цените на овој енергент, кој кај нас, с` уште е далеку поскап отколку во другите земји. Така, на пример, во соседна Србија реакции предизвика понудената цена за годинава од 488 долари за 1.000 кубни метри бидејќи, како што реагираа од српското министерство за енергетика, нивното стопанство со вакви цени не може да биде конкурентно со другите земји. Според истите извори, процени се дека цената на природниот гас во Европа годинава ќе биде во просек 370 долари за 1000 кубици, а во Велика Британија - 230 долари.

Гасната електрана ТЕ-ТО инаку има друга цена на природниот гас, далеку помала од онаа што моментно ја нуди „Макпетрол“ на пазарот. Таа истиот го користи врз база на директен договор постигнат со филијалата на „Газпром“ од Швајцарија, кој во Македонија доаѓа преку фирмата „Синтез груп енерџи“ која е една од фирмите на доминантниот сопственик на нашата централа, руската компанија „Синтез груп“. (З.П.)

http://dnevnik.mk/?ItemID=82C0D5B6EE567B459E96E8A23B483B89
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
Гаспром најскапо го продава гасот во Македонија, цените ќе паднат ако се зголеми потрошувачката

Македонија плаќа најскапо во Европа за гасот кој го испорачува рускиот енергетски гигант Гаспром.

Со 564,3 долари за 1000 кубни метри лани компанијата најскапо го продавала енергенсот во земјава, а зад неа следат Полска, БиХ, Чешка и Бугарија, според московскиот весник „Известија“.

Домашните експерти велат дека високата цена на инаку најевтиниот енергенс се должи на малите количини кои ги троши македонското стопанство и дека цените ќе паѓаат како што ќе се зголемува побарувачката, но и конкуренцијата меѓу снабдувачите.

Гасификацијата на Македонија е еден од стратешките проекти за кои се прават студии и подготовки. Владата очекува потпишување на договор за изградба на крак од Јужен тек што, напоредно со изградбата на мрежата, ќе ја зголеми потрошувачката носејќи го гасот до стопанството, јавните институции и домаќинствата.

Филип Момировски

http://www.sitel.com.mk/gasprom-najskapo-go-prodava-gasot-vo-makedonija-cenite-kje-padnat-ako-se-zgolemi-potroshuvachkata
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
ЕВН презеде седум мали хидроелектрани од чешки „Хидропол“

ЕВН Македонија од денеска го презеде управувањето со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки „Хидропол“, откако заврши договорот за концесија на чешката компанија, соопштија од ЕВН.

- Во текот на изминатите 11 години, ЕВН и „Хидропол“ ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци – се вели во соопштението.

Покрај овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН Македонија се и ХЕЦ Попова Шапка, ХЕЦ Бабуна, ХЕЦ Белица и ХЕЦ Турија кои, исто така, се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компитабилни.

Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 мега вати, што претставува зголемување за 10 проценти, освен кај ХЕЦ Матка каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова хидроцентрала. Просечното годишно производство изнесува 130 гигават часови електрична енергија.

http://www.plusinfo.mk/vest/78681/EVN-prezede-sedum-mali-hidroelektrani-od-cheshki-Hidropol
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
Емисијата „Енергетска азбука“ почнува на МТВ

Серијалот на едукативни емисии со наслов „Енергетска азбука“, кој е дел од Платформата за енергетска ефикасност на ЕВН Македонија и Министерството за економија, ќе почне да се емитува на Македонската радио телевизија.
Преку емисијата ќе се информираат граѓаните за теми од енергетиката, со акцент на енергетската ефикасност.

Водител на емсијата е актерот Зоран Љутков. Тој одблиску ќе ги посетува енергетските постројки и ќе ги промовира причините и начините за разумно користење на електричната енергија. Емисијата ќе има и интерактивен карактер, гледачите ќе можат преку специјално креирана Фејсбук страница да го тестираат своето знаење.

Емисијата „Енергетска азбука“ ќе се емитува секоја втора сабота, на првата програма на Македонската радио телевизија во 13:30 часот. Репризата е во недела во 17:35 часот.

На МТВ 2 емисијата ќе се емитува со превод на албански јазик, а премиерата на оваа програма е во сабота во 19:10 часот.

http://www.plusinfo.mk/vest/78677/Emisijata-Energetska-azbuka-pochnuva-na-MTV-
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
МЕПСО почнува изградба на нови 122 километри далноводи



МЕПСО со склучување договори со најдобрите понудувачи за изградба на два далновода почнува инвестициски циклус од 13,22 милиони евра за изградба на 122 километри нови далноводи.

Како што соопшти компанијата, шведската ЕЛ ТЕЛ Нетворк ТЕАБ во конзорциум со српската компанија „Енергомонтажа“ од Белград ќе го гради новиот 400 KВ (киловолтен) далновод од Штип до македонско српската граница. За вториот проект изведувач на реконструкцијата на 110 КВ далновод Скопје-Југохром-Тетово ќе биде конзорциумот од српските компании „Енергомонтажа“ и „Монтпроект“ од Белград.

Новиот интерконективен далновод ТС Штип-македонско-српска граница е со должина од 70 километри, ќе биде поставен на 168 челично-решеткасти столбови, со инвестициска вредност од 9,7 милиони евра. Финансиската конструкција е обезбедена од сопствени средства на МЕПСО А.Д. како и од кредитна линија од Светската банка. Рокот за изградба е 17 месеци. Овој преносен вод е од огромно стратешко и енергетско значење заради тоа што се воведува втора врска со Република Србија што значи зголемување на капацитетите за пренос на електрична енергија и зголемена доверливост на електроенергетските системи на регионално ниво;

Реконструкцијата на 110 KВ далновод Скопје-Југохром-Тетово опфаќа 180 столбови на траса долга 52 километри. Овој проект, како што наведуваат во соопштението, значајно ќе го зголеми пропусниот капацитет на далноводот со што ќе ја подобри доверливоста на системот во конзумното подрајче на Скопје и на Полог, ќе ги подобри напонските прилики и ќе ги намали загубите на преносната мрежа. Инвестициската вредност на проектот е 3,56 милиони евра и е кофинансирање од сопствени средства на МЕПСО АД и од кредитна линија од Светската банка.

Конзорциумот составен од „Енергомонтажа“ и „Монтпроект“ реконструкцијата треба да ја заврши во рок од 13 месеци.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4AF42F622FA5C34BA8DF24B60CE51E0D
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
Господарите на струјата во Македонија лани свртеа 170 милиони евра!

Најголеми продавачи се трговските фирми ЕФТ Македонија и ГЕН-М и двете продадоа струја вредна над 120 милиони евра. Најголеми купувачи се ЕВН Македонија и ФЕНИ Индустри што платија вкупно 100 милиони евра за струја

ЕВН Македонија е најголем купувач на електрична енергија во Македонија, а трговската компанија ЕФТ Македонија е најголем продавач на струја на македонскиот пазар лани, покажуваат официјалните достапни податоци за 2012 година. Лани ЕФТ Македонија од продажба на струја во Македонија остварил приходи кои надминуваат 70 милиони евра, а ЕВН Македонија за купување на струја на домашниот пазар потрошила околу 55 милиони евра. Заради тоа Македонија нема берза за електрична енергија нема ниту официјална просечна пазарна цена по која се тргува струјата. Заради тоа анализата МКД.МК ја направи врз основа на апроксимативна регионална просечна годишна пазарна цена од 60 евра за мегаватчас утврдена по набљудување на цените на берзите во нашиот регион во Словенија, Италија, Романија и Унгарија.

Македонска работа! Берзата ќе била неисплатлива, а прометот е 170 милиони евра

Македонија со години досега не може да формира берза за тргување со електрична енергија и преносни капацитети. Според официјалните податоци лани на сегментот на кој цените на струја се формираат пазарно само заради тоа што Регулаторната комисија за енергетика нема надлежност се продадени и купени 2,8 милиони мегаватчасови електрична енергија, што е 34 отсто од целото консумирање електрична енергија лани. Официјална пазарна цена на струјата во Македонија нема заради тоа што нема берза за струја. ЕВН Македонија, МЕПСО и ЕЛЕМ кога имаат потреба струја купуваат преку јавни тендери на кои можат да се јават сите заинтересирани трговци или производители. Групата големи потрошувачи на струја, предводени од ФЕНИ Индустри, во која влегуваат уште и Југохром Фероалојс, Митал Стил, Скопски легури, Макстил, ОКТА, Бучим и УСЈЕ купуваат струја од трговците преку годишни билатерални договори со фирми што ги одбираат по моделот на собирање на понуди или преговори.

Кој најмногу наплаќа, а кој многу плаќа?

Според официјалните достапни податоци ЕВН Македонија лани е најголем купувач на електрична енергија за своите потреби за снабдување на дистрибутивната мрежа. Лани таа компанија по пазарни услови купила речиси 913.000 мегаватчасови електрична енергија од нејзините понудувачи. Тоа претставува една третина односно 32,6 отсто од целата истргувана количества струја по пазарни цени лани во Македонија. На второ место, очекувано, е ланскиот лидер ФЕНИ Индустри кој купил 25,8 отсто од целата продадена електрична енергија лани во Македонија. Според приближните 60 евра за мегаватчас овој комбинат лани за струја платил околу 44 милиони евра. На третото место е комбинатот за производство силициум „Југохром“ од Јегуновце. Тој лани купи 10,8 отсто од количеството струја тргувано по нерегулирани цени. Неговото приближно учество во прометот е 18,4 милиони евра. На четврто место е најголемиот државен производител на струја ЕЛЕМ. Лани оваа компанија купила 9,8 отсто од струјата што се нудела на пазарот, а на петтото место е националниот електропреносен систем-оператор МЕПСО, кој за покривање на загуби на преносна мрежа и за системски услуги купил околу 168.000 мегаватчаса.

Најголем продавач бил ЕФТ Македонија, кој држи 47 отсто од целата струја продадена лани по нерегулирани цени односно на македонскиот пазар на електрична енергија. Македонската експозитура на словенечката компанија за производство и трговија со струја ГЕН-И лани покрила 30,7 отсто од пазарот. Далеку зад нив, но пред другите трговци лани била трговската фирма на ЕЛЕМ, ЕЛЕМ Трејд која покрила 8,2 отсто од побарувачката за струја. По неа е трговската фирма на ЕВН Македонија, која покрила 4,5 отсто од пазарот. Петти е српски Руднап со пазарно учество од 3,5 отсто.

http://www.mkd.mk/90941/ekonomija/gospodarite-na-strujata-vo-makedonija-lani-svrte-170-milioni-evra/
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
Одземени концесиите за изградба на две мали хидроелектрани

Министерството за економија започна да ги одзема концесиите за искористување на водниот потенцијал за производство на електрична енергија на оние компании што не ги реализирале сопствените проекти во законски утврдениот рок од три години. ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани од Скопје ги изгуби двете концесии за изградба на мали хидроелектрани на Отљанска и Обедничка река поради непреземање активности во процесот на нивна реализација и покрај дадениот дополнителен рок, јави економскиот интернет – портал „Фактор“. Во овој проект беше предвидено да се вложат 1,2 милиони евра, а просечното годишно производство на електрична енергија требаше да изнесува 1,8 GWh.

Според информациите од Министерството за економија, досега се пуштени во употреба седум мали хидроелектрани, додека 20 други енергетски објекти од овој вид се во фаза на градба. Преку спроведените пет меѓународни огласи се доделија 70 концесии за искористување на водниот потенцијал за оваа намена, при што вкупната инвестиција во сите проекти би била 120 милиони евра. Во согласност со Студијата за хидроенергетскиот потенцијал на мали ХЕ изработена во 1980 година, во земјава треба да се изградат 400 мали хидроелектрани, со вкупна инсталирана моќност од 255 MW и очекувано годишно производство од 670 GWh.

ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани од Скопје е правен субјект основан од австриската компанија Energy Eastern Europe. Покрај во Австрија и во Македонија, таа работи на проекти за изградба на мали хидроелектрани и во Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во моментов во земјава во процес на изградба се четири електрани на реките Љубанска, Брестјанска, Мала Река и Големача. Тие како инвеститори се јавуваат и на уште два вакви енергетски објекта на Крива Река кои треба да се реализираат во претстојниот период, а нивната инсталирана моќност е планирано да изнесува 2,89 MW.

http://www.build.mk/?p=22941
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
Kрак од „Јужен тек“ преку Ниш за Македонија



Првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер на 28 февруари ќе престојува во Србија, за да разговара за изградбата на гасоводот што ќе биде дел од „Јужен тек“, како и цената на рускиот гас, јави агенцијата ИТАР-ТАСС. Според истиот извор, на кој се повикува косовскиот весник „Експрес“, дел од гасоводот ќе минува и низ Kосово, преку Ниш, за да ги снабдува со гас Kосово и Македонија.

Освен овој крак, од гасоводот крак ќе продолжи и кон Република Српска и кон Хрватска. Должината на гасоводот низ Србија ќе биде 450 километри и ќе чини 1,7 милијарда евра. На 20 февруари српскиот парламент усвои закон што ја регулира изградбата на „Јужен поток“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DD2417312B3CF04DA0A5BE276F9D44E3
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
Стартува изградбата на пет мини хидроцентрали во Каварадци

Во Кавадарци денеска почнаа работите за изградба на пет мини централи и реконструкцијата на дел од водоводниот систем “Бошава”. Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов им ја врачи градежната дозвола на локалното претпријатие Водостопанство “Тиквеш“ и Турбоинститит од Словенија како партнер на водостопанското претпријатие.

- Со реализацијата на овој проект ќе ги добиеме потребните количини вода низ овој цевковод, стабилна вода во каналот и технолошка вода за кавадарчани. Имајќи го во предвид и другиот проект, кој веќе се реализира за зголемени количини на вода за пиење, јасно е дека Кавадарци добива и вода за пиење и вода за наводнување со технолошка вода за градот, како и производство на електрична енергија, рече Панов.

Директорот на „Тиквеш“ се заблагодари на локалната самоуправа што навреме ги обезбедила потребните документи за старт на работите. Владимир Керцан од Турбоинститут Словенија рече дека е горд што е дел од прокетот кој ќе донесе не само струја, туку и доволно вода.

- Денеска почнува реконструкцијата на каналот и би сакале работата да ја завршиме до крајот на годината, рече Керцан.

Мини-централите ќе произведуваат 37 гигават часови електрична енергија.

http://ekonomski.mk/?p=28009
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
Словенечки „Турбоинститут“ ќе гради пет мали хидроелектрани во општина Кавадарци

На хидросистемот „Бошава“ ќе се подигнат пет мали хидроелектрани со инсталиран капацитет од 10,9 мегавати, кои се очекува на годишно ниво да произведуваат 32 гигават часови електрична енергија. Проектот ќе се реализира преку применување на моделот на јавно – приватно партнерство помеѓу претпријатието Водостопанство „Тиквеш“ и словенечката компанија „Турбоинститут“ од Љубљана, која ќе ги изведе енергетските објекти преку македонската фирма – ќерка „Хидро Бошава“. Вкупната инвестиција изнесува 13,5 милиони евра и со неа е предвидено да се реконструира и дел од водоводниот систем „Бошава“. Покрај производството на електрична енергија преку искористувањето на водите од системот, планирано е со зафатот да се обезбедат неопходните количини на вода за пиење и вода за наводнување.

Локалната власт од Кавадарци денес му ја врачи градежната дозвола за изградба на петте мали хидроелектрани на словенечкиот инвеститор, а во претстојниот период ќе започнат и изведбените активности на терен. Плановите на компанијата од Љубљана предвидуваат до крајот на 2013 година да се спроведе на дело целокупниот проект. Договорот за јавно – приватно партнерство за подигнување на овие енергетски објекти беше потпишан во мај минатата година. Компанијата „Турбоинститут“ е основана во 1948 година како специјализиран центар за развој на хидраулични машини и досега има реализирано преку 400 мали хидроелектрани во бројни земји во светот.

http://www.build.mk/?p=23259
 

·
Macedonia
Joined
·
46,948 Posts
Плаќаме поскапо парно од Хрватите и од Бугарите, а исто со Словенците



Ако се земе предвид платежната моќ на населението, Србите се во најлоша состојба, а веднаш по нив сме ние, што значи дека со втора најмала просечна плата во регионот плаќаме изгор цена за топлинска енергија

Македонците плаќаат поскапо парно од Хрватите и од Бугарите, имаат исти сметки со Словенците, а пониски од Србите. Ова го покажува споредбената анализа за цените на топлинската енергија за домаќинствата во регионов. Според неа, со сегашната пониска цена на топлинската енергија за 14,24 отсто Македонците имаат „посолени“ сметки за 24 отсто од Бугарите и за 18 отсто од Хрватите. Цените на топлинската енергија кај нас и во Словенија се речиси исти, а рекордери на Балканот се Србите, кои имаат за 31 отсто повисоки сметки за парно греење од нас.

Меѓутоа, според споредбата на платежната моќ на населението, Србите се во најлоша ситуација на овој план, а веднаш по нив сме ние. Односно, излегува дека со втора најмала просечна плата во регионот Македонците плаќаат изгор цена за топлинска енергија.

Експертите објаснуваат дека тоа се должи пред с` на фактот што, за разлика од другите земји во регионот, ние имаме скапо производство на топлинска енергија.

- Земјите од регионот имаат пониска цена на топлинската енергија бидејќи имаат мешано когенеративно производство. Значи немаат котелско производство како ние и затоа имаат пониска цена. Ние сега почнуваме со ваков начин на производство, со гасната централа ТЕ-ТО - објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Повеќе на http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=80FB18048EA47A4DBBB859C6E2D38038
 
1 - 20 of 130 Posts
Top