SkyscraperCity Forum banner
101 - 120 of 130 Posts

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Во сабота почнува изградбата на гасоводот кон Штип

Руската компанија „Стројтрансгас“ денеска најави дека проектот за изградба на гасоводот од кумановското село Клечовце до Штип ќе започне за два дена. На церемонијата на поставување камен – темелник на магистралниот гасовод во должина од 60,8 километри веќе е објавено дека ќе присуствува македонскиот премиер Никола Груевски. Дијаметарот на гасоводните цевки изнесува 508 милиметри, а вкупниот капацитет за пренос на гас на годишно ниво не се соопштува. Ако се спореди со дијаметарот на цевките со други гасоводи во светот, тогаш може да се констатира дека тој ќе може да пренесува неколку милијарди кубни метри природен гас на годишно ниво.



Според информациите од официјалниот веб – портал на „Стројтрансгас“, изградбата на магистралниот гасовод до Штип ќе се заврши најдоцна до јуни 2016 година. Вредноста на проектот е 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони долари произлегуваат од подмирувањето на клириншкиот долг од страна на Руската федерација. Изградбата на овој инфраструктурен објект побудува огромно внимание од светските медиуми. Глобалната новинска агенција „Ројтерс“ во денешниот текст напоменува дека гасоводот од Клечовце до Штип може да биде искористен за реализација на рутата на проектот „Турски поток“.

Агенцијата со седиште во Лондон наведува дека сопственикот на „Стројтрансгас“ е еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин и е еден од првите деловни луѓе од Руската Федерација кои беа ставени на листата на санкции од Соединетите Американски Држави за време на кризата со руската окупација на полуостровот Крим. За овој проект денеска извести и водечката руска новинска агенција „РИА Новости“. Рускиот дневен весник „Комерсант“ пишува дека гасоводната мрежа може да се прошири кон Грција, и тоа најпрво кон ТЕЦ „Неготино“, а потоа и кон границата со Грција. Авторот на текстот дополнува дека магистралниот гасовод од Клечовце до Штип може да дозволи Македонија, Србија, Унгарија и Австрија да се снабдуваат со природен гас преку проектот „Турски поток“.

http://www.build.mk/?p=43568
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Нови хидро акумулации ќе се градат во источна Македонија


Со изградба на мали акумулации ќе се штити источниот регион од поплави. Изградбата на неколку од нив веќе е влезена во десет годишната владина програма за изградба на нови акумулации и санирање на постојните системи за наводнување. Освен што ќе ги запираат надојдените води, ќе се зголемат и водните површини, што значи и поголемо испарување и повеќе врнежи.

- Со изградбата на овие акумулации може да дојде до промена на климатските услови, во смисла на намалување на летните температури од 1 до 2 степени- изјави Војо Мирчевски, универзитетски професор

Штип понудил проекти за изградба на четири акумулации.

- Две од нив сигурно влегуваат во програмата, за другите меѓу кои и изградба на брана на река Отиња се уште чекаат одговор.- стенд ап

На изградба чека и браната Пишица кај Пробиштип. Проценките се дека нејзината изградба ќе чини околу 1,2 милиони евра.

- Штетите кои се настанати во 2013 година не дозволија да биде санирана, туку ќе се оди на целосна изградба на нова брана- изјави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип

Во рамките на владината програма веќе почнаа подготвителните работи за изградба на брана Речани на Оризарска река. Таа ќе чини 35 милиони евра. Планирано е да се градат и мали хидроцентрали кои на државно ниво ќе покријат од 10 до 20 % од вкупната потрошувачка на електрична енергија.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Завршени 75% од градежните работи на македонско – српскиот 400 kV далновод

Се ближи кон крајот изградбата на новиот македонско – српски 400 киловолтен далновод. МЕПСО досега подигна 100 столбови, од кои во целост се монтирани 80. Во финална фаза на монтажа се наоѓаат 20 столбни места, додека во моментов се одвиваат градежните работи на 59 столбови. Идниот далновод што ќе ги поврзува електроенергетските системи на Македонија и на Србија е долг 70 километри и се состои од 168 челично – решеткасти столбови. Инвестицијата е во вредност од 9,7 милиони евра, а зафатот почна да се реализира пред една година.

Во изминативе 12 месеци е завршено поставувањето на 86% од основите и на 50% од работите што се однесуваат на монтажа на далекуводните столбови. Досега се комплетирани 75% од градежните работи на целокупниот проект. Целосната изведба на трасата треба да заврши до септември, по што далноводот ќе биде ставен под напон. Како точки на поврзување на овој далновод се трансформаторските станици во Штип и Врање. Ставањето во функција на овој преносен вод значајно ќе ја подобри доверливоста и стабилноста на македонскиот електроенергетски систем. Проектот го изведуваат „Енергомонтажа“ од Србија и „Елтел Нетворкс ТЕ АБ“ од Шведска.

http://www.build.mk/?p=45189
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
ХЕЦ „Шпилје“ за шест месеци произведе 187 килиони квч електрична енергија




Во ХЕЦ „Шпилје“ во првата половина од оваа година забележани се добри производни резултати. Произведени се 187 милиони киловат часови, што е 20 отсто повеќе во тој период минатата година.

Од ХЕЦ „Шпилје“ наведуваат дека Оствареното призводство претставува 62 отсто од вкупниот план за 2015 година, кој согласно со енергетскиот биланс е над 300 милиони квч електрична енергија.

Оттаму сметаат дека тоа е резултат на поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, како и навременото и успешно реализиреање на планираните ремонти и ревизии на електормашинската опрема.

Средниот дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“ изнесува над 40 кубни метри вода во секунда, а во акумулацијата има резерва на вода за производство на 30 милиони киловат часови електрична енергија.

ХЕЦ „Шпилје“ која работи според потребите на енергетскиот систем години во просек годишно произведувала по над 270 милиони киловат часови елекрична енергија.

Историски рекордно производство е забележано пред пет години кога беа произведени над 500 милиони киловатчасови пради хидролошки богатата година, што, според стручните лица се случува еднаш на 100 години.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Спроведена гасификација на две средни училишта во Скопје

Скопските средни училишта „Арсени Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“ во претстојната грејна сезона ќе се греат на гас. Според пресметките на Град Скопје, гасификацијата на образовните објекти се очекува да заштеди околу 50% од средства кои се трошеле за греење. Инвестицијата изнесува 15 милиони денари и ќе се врати во рок од четири години. Со инсталираниот котел за гас ќе се загреваат просториите на двете училишта, во кои настава посетуваат 2.000 ученици.


* Извор на фотографија: Град Скопје

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денес информираше дека до средината на следниот месец ќе се изработат проектите за гасификација на уште седум средни училишта во главниот град. Најпрво ќе се распише оглас за воведување на гасот во училиштето „Д-р Панче Караѓозов“, а потоа и на објектите во кои се сместени средните училишта „Марија Кири – Склодовска“, „Владо Тасевски“ и „Панче Арсовски“. Со реализацијата на овој проект, Градот Скопје придонесува за подобрување на еколошката состојба на градот, затоа што ќе се замени користењето на течно гориво со природен гас.

http://www.build.mk/?p=46793
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Завршен новиот македонско – српски 400 kV далновод

Државната компанија МЕПСО ја заврши изградбата на новиот 400 kV далновод од Штип до македонско – српската граница, а во моментов течат финалните активности за поврзување на последниот далекуводен столб на македонска страна со првиот столб на српската страна од границата. Електромонтерите на ко-изведувачот „Енергомонтажа“, кој го гради далноводот заедно со шведски „Елтек“, работи на извлекување и монтажа на фазните проводници за електрична енергија на затезните челично – решеткасти столбови на двете страни од македонско – српската граница.

Со финализација на оваа фаза од работите, МЕПСО го затвора најголемиот тековен инвестициски проект вреден над 11 милиони евра. На територијата на Република Македонија се изградени 168 далекуводни столбови, од трансформаторската станица во Штип до границата со Република Србија, со должина од 70 километри. До крајот на ноември интерконективниот вод треба да биде ставен под напон. Во следниот период ќе се реализираат финалните подесувања, проверки и тестирања.

Изведбата на 400 киловолтниот далновод се одвиваше во изминативе 11 месеци – градежните работи на терен започнаа во декември 2014 година. Со изградбата на овој капацитет за пренос на електрична енергија, нашата земја ќе добие 4 интерконективни далноводи на коридорот север – југ.

http://www.build.mk/?p=47033
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Распишан 12-ти тендер за Чебрен и Галиште, 20 компании ја подигнале документацијата


Нов обид за Чебрен и Галиште. На новиот тендер , 20 компании подигнале тендерска документација за изградба на хидроцентралите на Црна Река. Според екпертите зголеменито интерес на инвеститорите е поради тоа што овој пат не се поставени услови за нив. Проектот им е понуден , а тие самите треба да достават понуда како сметаат дека најдобро може да се искристи хидроенергетскиот потенцијал. Понудите компаниите треба да ги поднесат најдоцна до 25 јули. Оној кој ќе даде најповолно решение ќе биде избран за нов инвеститор. Експертите овој пат се оптимисти,. Велат дека ваква понуда досега немало и очекуваат тендерот да биде успешен и конечно Чебрен и Галиште да добијат свој сопственик.

Придобивките од реазлиацијата на проектот за Македонија се повеќекратни и финансиски и енергетски, а ќе се зголеми и искроистеноста на ОИЕ.

Ова е 12 тендер за изградба на двете хидроелектрани. На претходните иако се споменуваа некој од големите светски гиганти како РВЕ, Енел, Вербунд, Старткрафт, тие завршуваа без успех.

Македонскиот енерегтскито сектор се смета за стабиле. Расте искористеноста на обновливите извори на енерегија, а од вкупната потрошувачка на струја 70 отсто е домашни капацитети, а 30 од увоз.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Регионална конференција за развојот на енергетиката во Македонија




Македонија располага со доволен потенцијал да ги задоволи своите потреби за електрична енергија од обновливи извори, но за тоа е неопходна долгорочна стратегија, финансиски средства, либерализација на пазарот и поголема флексибилност на електроенергетскиот систем во земјата.

Тоа се заклучоците од денешната конференција за „Долгорочен развој на енергетиката во Македонија-можности и пречки“, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ.

Според Константин Димитров од МАЦЕФ, преку замена на електричната енергија од фосилни горива со обновливи извори на енергија Македонија ќе се ослободи од увоз на електрична енергија, делумно од увоз на течни горива и гас и значитечно ќе го намали загадувањето на животната средина, а со сето тоа и земјата ќе стане енергетски независна.

- Македонија има три извори на обновлива енергија од ветер, вода и сонце. Производството од обновливи извори моментално се движи некаде околу 13 и 14 проценти, додека 35 проценти од потребите ги увезуваме, изјави Димитров.

Потенцираше дека исто така е значајно и намалување на потребите од електрична енергија преку примена на мерки за енергетска ефикасност.

Директорот на Агенција за енергетика на Македонија Александар Дуковски смета дека најголем потенцијал земјата има за соларна и ветерна енергија и геотермалните води во југоисточниот дел, додека најголеми пречки за развој на обновливите извори е високата цена за нивна имплементација и интегрирањето на обновливите извори во електро-енергетскиот систем.

Според податоците содржани во прирачникот за „Декарбонизација на производството на електрична енергија“, хидропотенцијалот на Македонија на големите и мали хидроелектрани заедно изнесува 5.699 гигават часови електрична енергија, очекуваниот потенцијал на електраните од ветер е 1.320 гигават часови, додека потенцијалот од сончева енергија е 200 килотони нафтен еквивалент.

На конференцијата учествуваа и професори од регионот.

Невен Дуиќ од Факултетот за машинство и бродограба во Хрватска, посочи дека една од големите дезинформации со обновливите извори е дека тие се скапи, но доколку се споредува само цената за нивно проиводство тогаш енергијата од ветерот е најевтина.

- Цената на соларната енергија од 2008 година е намалена за пет до десет пати и соларната енергија стана компетитивна на малопродажните пазари во над 100 земји во светот, додека изминатата година инвестициите во нови обновливи извори на енергија претставуваат 54 проценти од сите инвестиции во енергетиката, рече Дуиќ.

Армин Тескереџиќ од Машинскиот факултет во Босна и Херцеговина истакна дека новите енергетски директиви од Европската унија поставува апсолутни цели за заштеда на електрична енергија што важат на ниво на сите земји од ЕУ и земјите членки на енергетската заедница во кои влегува и Македонија. Посочи дека главна измена со новите директиви е тоа дека се предвидува до 2020 година да се оствари намалување од 20 проценти на вкупната потрошувачката на примарна енергија.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
МЕПСО го подобрува снабдувањето со струја во тетовскиот регион


МЕПСО денес го стави под напон во пробна работа новиот 110 киловолтен далновод што ги поврзува трансформаторксите станици Скопје1-Југохром-Теарце и Тетово 1 по неколкумесечното градење на 158 нови столбови.

Работата на овој далновод според надлежнтие треба да обезбеди квалитетно и постојано обезбедување со електрична енергија во тетовскиот регион .
 

·
Macedonia
Joined
·
47,930 Posts
Заврши изградбата на магистралниот гасовод Клечовце – Штип



Руската фирма „Стројтрансгас“ во пропишаниот рок ја заврши изградбата на магистралниот гасовод Клечовце – Штип во должина од 61 километри. Завршувањето на овој проект вреден 75,7 милиони долари воедно претставува и подмирување на клириншкиот долг од Руската Федерација кон нашата земја во висина од 60 милиони долари. На денешната свеченост по повод пуштањето на гасоводот присуствуваа македонскиот премиер Емил Димитриев, Костадин Берсењев од Амбасадата на Русија во Р.М. и Михаил Хрјаков, генерален директор на „Стројтрансгас“ од Москва.

#Веќе изградениот магистрален гасовод започнува од селото Клечовце, каде се спојува со постојното гасоводно поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Трасата минува низ Свети Николе до Блок станицата 5 во Штип. Долж целиот потег се поставени 5.000 гасоводни цевки и шест мерно-регулаторни станици. Дијаметарот на гасоводните цевки е 508 милиметри, а капацитетот на гасоводот е 105.500 метри кубни гас на час. По реализацијата гасоводната делница, извршната власт ќе продолжи со изведба на два нови проекти. Првиот е во насока на гасификација на Штип и Свети Николе, кој треба да се спроведе во соработка со локалните власти.

Во наредниот период треба да се продолжи гасоводот од Штип кон Неготино и Кавадарци, а градежните работи се очекува да започнат веќе кон средината на август. „Паралелно со трасата Штип – Неготино – Кавадарци во септември оваа година планирано е да почнат да се градат уште два крака од гасоводот и тоа трасата Кавадарци – Неготино – Прилеп до Битола, како и трасата Скопје – Тетово – Гостивар“ рече премиерот Димитриев. Македонската влада во наредните четири години планира да изгради гасоводна мрежа во должина од 204 километри, со вкупна вредност од над 150 милиони евра.

http://www.build.mk/?p=51435
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Виница ќе гради акумулација и мини хидроцентрала на Градечка река




За трајно решение за квалитетно водоснабдување на Виница и околните населени места Градец и Лески ќе се гради мини акумулација и мала хидроцентрала на Градечка река.

За оваа цел, Управниот одбор на ЈКП „Солидарност“ од Виница, информира директорот Игор Спасевски на ЈКП, донесе одлука за започнување на постапката по пат на јавно-приватно партнерство да се градат овие два капитални објекти.

Според Спасевски, Советот на општина Виница за оваа тема ќе расправа и на престојната седница на закажана за в петок.

Согласно проектната документација која општина Виница веќе ја подготви, приватниот инвеститор ќе треба да изгради цевковод во должина од 3.450 метри со што остатокот од водата од главниот цевковод ќе го транспортира до МХЕЦ Виница, додека со пластичен цевковод во должина од 90 метри ќе ја враќа водата во Градечка река.

Во втора фаза од овој проект, истакнува Спасовски, инвеститорот ќе гради брана за акумулирање на доволни количини вода за да може хидроелектраната постојано да се снабдува со вода.

- Бенефитот од оваа инвестиција за жителите од општина Виница ќе биде моше голем. Ќе се нормализира водоснабдувањето во градот и населените места Градец и Лески, а површините кои се наводнуваат по течението на Градечка река ќе имаат доволни количини на вода за наводнување, истакнуваат од општина Виница.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Почнува изградбата на рударскиот комплекс во Казандол




Компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, денеска почнува со изградба на својот рударски комплекс во Казандол, Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е англиска и е проценета на 35 милиони евра, а во првите седум години се очекуваат приходи од близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно.

На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација. Капацитетот на рудникот е 4.000 тони катоден бакар. Ќе биде вградена современа технологија од фински „Аутотек“ која нема да има негативно влијание на животната средина.

Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат ангажирани директно 100 лица, а индиректно во целиот комплeкс ќе бидат ангажирани 250 лица.

Рударскиот комплекс се очекува да има позитивно влијание во регионот, но и приходи за државата. Компанијата ќе работи според македонски закони и според нив ќе плаќа давачки. Проценетиот прилив на средства во Македонија од производниот капацитет е 20 милиони евра.

Се очекува производството на првите бакарни катоди да почне за една година. Производството ќе биде пласирано на европскиот пазар.

Ова е прва фаза на проектот. Со отворање на следниот рудник планирано е и отворање дополнителен погон за преработка на катодите во бакарни цевки и валана жица.

Покрај концесијата за Казандол компанијата има концесија и за Петрошница и за Плавуш.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Рехабилитација на левиот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“




Наскоро треба да започне рехабилитација на левиот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, за што Акционерското друштво Водостопанство на Македонија инвестираше 500 илјади денари за изработка на проектот за рехабилитација.

- Со изработката на самиот проект добивме соодветен технички документ со кој ќе ги подобриме условите за функцинирање на каналот, како и намалување на загубите на вода и задоволување на потребите на крајните корисници. Ова е планирана реконструкција на каналот и неговите оштетувања на делницата од село Зрновци до село Бурилчево во должина од 20 километри, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Овој проект, истакна Гоцев, е финансиран од ИПАРД програмата, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руалниот развој. Тој очекува наскоро да започне и рехабилитација на овој дел од системот.

Левиот магистрален канал –делница до Зрновци функцинираше и оваа наводнителна сезона, благодарение на ангажираноста на Водостопанство Кочани и општина Зрновци, со навременото чистење на каналите од наноси од земја и дрва, истакна Гоцев.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Концесионерот на рудникот Иловица ќе финансира изградба на водовод


Концесионерот на рудникот за бакар и злато Иловица , компанијата Еуромакс ресурси ќе ја финансира изградбата на новиот водовод во селата Иловица и Штука. Со реализацијата на овој проект старата водоводна мрежа во двете населени места ќе бде комплетно обновена со што околу 700 домакинства ќе добијат можност за многу поквалитетно водоснабдување. Проектот се рализира во соработка со општина Босилово која веќе започна со обновата на еден дел од мрежата во Иловица или околу 4600 метри за кои средствата се обезбедени преку министерството за транспорт и врски. По завршувањето на оваа траса предвидено е да продолжи целосната обнова за која компанијата Еуромакс ресурси ќе финансира близу 800.000 евра.

-Во рамките на соработката на Еуромакс со локалните самоуправи и како цел на компанијата да го унапредува животот и условите за живеење на локалното население дојдовме до заклучок дека мрежата за водоснабдување во Иловица и во Штука е многу застарена и затоа Еуромакс во соработка со општина Босилово решија најпрво да финансираме изработка на детален проект за замена на целокупната водоводна мрежа во Иловица и во Штука, а веќе следниот чекор после изработката на тој проект е да започнат теренските активности, односно градежните активности за комплетна замена на таа водоводна мрежа, вели Драги Пелтечки – Eуромакс ресурси.

Паралелно со овој проект Еуромакс во соработка со водостопанство на Република Македонија работи и на проект за изградба на цевковод кој ќе носи вода од акумулацијата Турија до пречистителната станица во Иловица, а потоа истата ќе се дистрибуира до сите домакинства во двете населени места.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Во тек подготовки за старт на ТЕЦ „Осломеј„




Во тек се подготовки за старт на ТЕЦ „Осломеј“. За почетно пуштање на блокот се користат два помошни котла за продукција на пареа до производство на пареа од главниот котел, соопшти денеска АД Електрани на Македонија, подружница РЕК „Осломеј“ Кичево.

За старт на помошните котли на ТЕЦ „Осломеј“, појаснуваат од компанијата, потребна е нафта, со која се загрева водата во котлите за производство на пареа. Оваа пареа, стои во соопштението, го грее мазутот во мазутна станица, до постигнување на потребната температура и потоа парните котли работат на мазут и произведуваат пареа за пуштачки операции на блокот.

- Штом се создадат услови за потпала на блокот, се палат мазутните бренери со капацитет 1,5 тони на час, поединечно, за загревање на котелот, создавање пареа и постигнување параметри. Котелот е опремен со шест мазутни бренери кои работат со полн капацитет 6-8 часа за загревање на котелот. После тоа за да се постигне потребен притисок во котелот се вклучуваат млиновите еден по еден, а притоа треба да се исклучуваат мазутните бренери еден по еден. Во нормална работа на блокот–гарантиран квалитет на јагленот, исправност на млиновите и т.н операции за старт, до синхронизација се околу 12 часа. По синхронизацијата до постигнување полна снага работат мазутните бренери, се вели во информацијата на АД Електрани на Македонија, Подружница РЕК „Осломеј„ Кичево , испратена до медиумите.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
ЕЛЕМ: Третиот блок на РЕК Битола вратен во функција, снабдувањето се одвива без проблеми


Третиот блок на РЕК Битола е ставен во функција. Во моментов електраната работи со полн капацитет и обезбедува поголем дел од потребите. Од елем посочија дека нема проблеми во снабдувањето со струја. И граѓаните и домаќинствата ги добиваат потребните количини. Така ќе биде и во наредните денови. На располагање се сите капацитети вклчувајќи ги и хидроцентралите. Ако има потреба и ТЕЦ Осломеј ќе се стави во функција, барем со половина капацитет. Според анализите конзумот во овој период е зголемен за 40 отсто во однос на просечниот.

Досега за увоз потрошени се околу 2 милиони евра. Но финансискиот кусок ќе биде многу помал, поради направените вишоци во ноември годинава. Од ЕЛЕМ велат дека увозот ќе продолжи ако цената на берзите е помала од онаа на струјата произведена дома. Набавката нема да ја поскапи струјат за домаќинствата и за стопанството. Компанијата нема да пријави зголемени трошоци.

Проблеми со струја има во речиси цела Европа. Во Унгарија и Чешка се работи на дефектите на нуклеарните централи . Два блока од термоцентра во Босна се во прекин. Протокот на струја од Австрија кон Унгарија е намалем. Од три напојувања, Македонија остана на само едно од Србија. Грција го затвори далноводот кон земјава. На полноќ тоа ќе го направи и Бугарија. Но граѓаните и стопанствотот да не стравуваат Рестрикции нема да има. Состојбата следи 24 часа.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Вкупно 30 компании заинтересирани за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река


Вкупно 30 компании заинтересирани за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река. Покрај домашни конзорциуми понуди доставиле компании и од Турција, Русија, Канада, Кина, Швајцарија и Грција. Пристигнати се 14 технички решенија за изградба на хидроцентралите. Реномирана германска светска компанија ќе биде задолжена до крајот на јули да одлучи кој предлог или која фирма доставила најповолно решение за овој проект. Тендерот ќе биде објавен до почетокот на следната година. Надлежните се надеваат дека овој пат Чебрен и Галиште конечно ќе добијат свој сопственик.

Со изградбата на Чебрен и Галиште ќе се добие енергетски проект кој значително ќе придонесе во вкупното домашно производство на електрична енергија.

Претходно проeктот за изградба на Чебрен и Галиште на Црна Река неколку пати заврши без успех. Со изградбата на нови енергетски проекти значително ќе се намали увозот на струја. Мицковски уште еднаш потенцираше дека струјата засега нема да поскапи и покрај увозот кој беше направен во зимскиот период поради екстеремно ниските температури.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Ќе се градат уште 6 ветерници во Богданци, инвестиција од 24 милиони евра


Ветерниот парк во Богданци ќе се збогати со уште шест нови ветерници. Техничко економската анализа е веќе направена, а извршена е и ревизија од страна на германска банка. Вкупната инвестција е 24 милиони евра од кои 18 милиони евра ќе бидат од заем, останатите пари ќе ги обезбеди ЕЛЕМ. Новите ветерници треба да обезбедат дополнителни 37 гигават часови струја.

Освен во Богданци, државните електрани имаат поставени мерни станици и на други нови локации за да видат дали ги исполнувата суловите за поставување на ветерни турбини.

- Согласно студијата изработена 2008 -2010 година дополнително се разгледуваат и нови локации од другата страна на Вардар, во атарот на селата Миравци и Давидово каде има потенцијал за уште нови стотина мегавати. На сите ове места веќе се поставени и мерни станици за ветар. А се исконтактирани и сите познати реномирани финансиски куќи од кои очекуваме грантови и финансиска подршка рече Александар Пауновски- директор за развој на ЕЛЕМ

Во ветерниот парк Богданци досега инвестирани се 56 милиони евра. Во моментов таму работата16 ветерници. Секој час произведуваат струја вредна над 200 илјади денари. Планиранотот производство на струја е натфрлено за 25 проценти.

Стен ап- Ветерниот парк во Богданци може да ги задоволи потреби од струја на 60 илјади домаќинства, Од 2014 до сега ветерниот парк произведе струја од 300 гигават часови .
 
101 - 120 of 130 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top