SkyscraperCity Forum banner
121 - 130 of 130 Posts

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Нови тендерски услови за Чебрен и Галишта


Промената на условите за проектот Чебрен и Галиште е едниствениот начин да се најде инвеститор кои ќе ги гради хидроцентралуте на Црна река. Експертите сметаат дека овој пат државата направила добар чекор со тоа што отворила можнот самите инвестиори да даваат прелози за тоа како е најдобро да се реалзира проектот.

- Досега се даваат услови кои ни одговараат само на нас не и на инвеститор. Сега се отвора можност самите заинтересирани страни да дадат прелог за тоа како е најдобро да се изградат хидроцентралите. Ова е единствениот добар начин да се најде концесионер кои ќе вложи пари и кој ќе произведува струја во Македонија, рече Константин Димитров- МААЦЕВ

Пред извесно време државните елетрани најавија дека досега интерес за Чебрен и Галиште пројавиле 30 компании. Покрај домашни конзорциуми понуди доставиле и фирми од Турција, Русија, Канада, Кина, Швајцарија и Грција. До крајот на јули германската фирма Фихнер треба да даде препорака кое решение е најповолно, по што ќе се респише тендер со условите.

Проектот Чебрен и Галиште досега неколку пати заврши без успех.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Тесла ќе гради станица за полнење електрични автомобили во Македонија


Калифорниската компанија Тесла ќе гради станици за полнење електрични автомобили во Југоистична Европа вклучувајќи ја и Македонија.

Компанијата на милијардерот Илон Маск најави изградба на таканаречените суперчаргери во шест земји од регионот до крајот на оваа година. По три станици ќе се градат во Романија и Србија, а по една во Бугарија, Босна и Херцеговина, Македонија и Молдавија.

Овие станици овозможуваат неколкукратно побрзо полнење на електрричните авотмобили од вообичаените станици. Тесла веќе има поставено 5400 вакви полначи ширум светот, а во регионот три има во Словенија и две во Хрватска, каде најави дека ќе постави уште четири.

Целта е во претстојниот период да го зголеми вкупниот број на 10 илјади со цел да овозможи патување на што подолги далечини.

Маск ја осниваше Тесла во 2003. Освен електрични автомобили произведува батерии за складирање соларна енергија, како и резиденцијални соларни панели. Иако има неспоредливо мала продажба, брендот ужива голема доверба кај инвеститорите, па неодамна ги надмина Форд и Џенерал Моторс како највредна автомобилска компанија во САД.

Во Македонија, како дел од мерките за намалување на загадувањето, се предвидоа даночни олеснувања и субвенции до 5000 евра за купување електричен автомобил.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Се градат 200 километри примарен гасовод




Изградбата намагистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола е во тек. Почна на почетокот на годинава и веќе е во длабока фаза на градба. Се работи со полна пареа и нема никакви застои, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Ресен.

Груевски информира дека овој проект се работи дури и малку побрзо од предвиденото. Планот е некаде до крајот на следната година да се заврши. Се работи за 92 километри гасовод којшто е многу голем и значаен за овој регион.

- Се работи на уште два примарни гасоводи Скопје – Тетово – Гостивар и Штип – Неготино. Паралелно се работи на сите три. Севкупно имаме 200 километри примарен гасовод кој во моментов се гради. На овие три примарни гасоводи инвестицијата е над 80 милиони евра. Само инвестицијата помеѓу Неготино – Прилеп - Битола е околу 37 милиони евра, а севкупно сите три гасоводи се 80 милиони евра, рече Груевски.

Тој нагласи дека конкрајот на следната година Прилеп, Битола и сите населени места помеѓу нив ќе добијат природен гас и за домаќинствата и за индустријата.

Тој информира дека во меѓувреме тече и меѓународниот повик за изнаоѓање концесионер за секундарната гасификација и додаде оти има многу заинтересирани, а најмалку три или четири се сериозно заинтересирани. Овој пат, како што рече, е доста извесно дека ќе успее затоа што овој меѓународен повик е со далеку подобрени услови отколку што беше претходниот.

- Поучени од слабостите на претходниот, сега се драстично подобрени условите и самите компании кажуваат дека ќе конкурираат и оти се многу заинтересирани и им одговараат сегашните услови. Тоа значи дека паралелно со градбата на примарниот гасовод ќе се гради и секундарниот гасовод. Некаде кон крајот на 2018 и почетокот на 2019 Македонија ќе има и примарни и секундарни гасоводи, нагласи Груевски.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Наскоро тендер за избор на изведувач на топлификацијата во Битола




Проектот за изградба на топлификација во Битола е во тек. Досега се направи физибилити студија, се изготви проектот и се извади градежна дозвола, а следната недела ЕЛЕМ ќе објави тендер за избор на изведувач кој потоа ќе влезе во градба, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на општина Ресен.

Тој појасни дека во процесот на претквалификација ќе можат да се пријават сите заинтересирани компании, а веднаш потоа компаниите кои ќе се квалификуваат ќе може да учествуваат на тендерот по што ќе започне изградбата. Оваа постапка ќе биде објавена и во меѓународни медиуми.

- Средства се обезбедени. Се работи за траса од 12,6 километри на топловод при што ќе се искористи испуштената топлина од производството на електрична енергија . Ќе поминува и ќе биде од корист и за општините Новаци и Могила. Тие ќе може да го користат исто така и за загревање на оранжериите затоа што овие рурални општини имаат и доста оранжерии. Ќе биде од корист и за загревањето на домовите во Битола, ќе биде со пониска цена затоа што се работи за топлинска енергија која и онака се испушта од производството на електрична енергија од РЕК Битола. Сега таа ќе се искористи, истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се работи за крупен проект од 46 милиони евра. Инвестицијата делумно е обезбедена од буџетот на ЕЛЕМ и делумно од KfW банката.

Груевски потенцира дека овој проект на ЕЛЕМ и на РЕК Битола ќе биде од голема корист за сите. Тој информира за уште еден крупен проект кој е во завршна фаза, а тоа е проектот за набавка на сопствена механизација кој ќе чини некаде околу 34 милиони евра, а можеби на аукцијата, како што рече, ќе се спушти и пониско.

- Проектот ќе биде од корист затоа што нема да има потреба ЕЛЕМ од изнајмување механизација од приватни компании. Проценката е дека можеби за две години ќе се повратат вложените 34 милиони евра затоа што многу средства се употребуваат за ангажман на приватни компании. Средствата во целост ги обезбедува ЕЛЕМ од сопствените заштеди. Тие во последниот период направија големи заштеди во компанијата преку разни реформски чекори. Сега тие средства ќе се употребат во набавка на комплетна механизација која во целост ќе ги замени механизациите кои тие ги користат преку приватни фирми преку изнајмувања, рече Груевски.

Тој потенцира дека само овие два проекти на ЕЛЕМ, едниот од 46 милиони евра и вториот од 34 милиони евра за набавката на комплетната механизација се крупни инвестиции кои ќе имаат повеќенаменско значење.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
ЕЛЕМ наскоро во нова администравна зграда, во тек повеќе крупни проекти во енергетиката


До крајот на јуни ЕЛЕМ ќе биде сместен во новиот објект. На 10.000 метри квадратни во строгиот центар на Скопје, сите работни единици од Електрани на Макеоднија ќе бидат сместени во новата зграда, вредна 15 милиони евра. Во новиот објект ќе има место за околу 500 вработени. Тука ќе бидат сместени и оние кои сега работат во објекти за кои компанијата плаќа кирија. Само по овој сонов заштедите ќе изнесуваат 200.000 евра годишно.

ЕЛЕМ годинава нема да бара зголемување на цената на струјата затоа што компанијата нема зголемени трошоци. Напротив, остварени се заштеди кои ќе бидат вложени во повеќе прокети. Еден од најкрупните е новото наоѓалиште за јаглен во делчевско – пехчевскиот регион каде во наредиот период ќе се инвестира во нов јагленокоп.

Покрај ова ЕЛЕМ ќе ја моденризира централата Осломеј, ќе се ангажира околу хидоцентралите Чебрен и Галиште, ќе инвестира во доизградба на ветропаркот во Богданци, во тек е реализацијата на проектот за топлификација на Битола и други инветсиции кои треба да гои зголемат производствто на струја по пониска цена з аграѓаните и фирмите. ЕЛем за годинава обезбеди и 10 милиони евра за довршување на жичарницата на Попова Шапка и уште 3 милиони евра за реновирање на хотелите Попова Шапка и Славија.
 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
Почна изгрдбата на пречистителна станива во Источна Македонија проект вреден 21 милион швајцарски франци


Поставен камен темелникот на најголемата пречистителна станица за отпадни води на Истокот. Во кочанското село Мојанце во следните три години ќе се гради пречистителниот комплекс, со донаторски средства од Владата на Швајцарија, на кој ќе бидат приклучени сите населени места од рамничарскиот дел на кочанскиот регион.

-Ние инвестиравме овде 21 милион швајцарски франци и бидејќи веќе имаме проекти кои што се тековни овде, во општината, се надеваме дека само ќе се надополнуваат со оваа финансиска поддршка- Сибиле Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија во Р.Македонија

Од националната каса ќе бидат издвоени дополнителни 2 милиони евра.

-Очекувам и другите да го следат овој пример и сите заедно да работиме на здравата животна средина-изјави Јани Макрадули, заменик министерот за животна средина

Изградба на пречистителни станици долж коритото на река Брегалница е обврска за исполнување на европските стандарди, но и за обезбедување здрава и чиста вода за пиење во бунарските сиситеми.
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Thor ќе ја гради првата приватна ветерна електрана

Компанијата Thor ќе ја гради првата приватна ветерна електрана во Македонија откако нивното барање беше разгледано и одобрено од страна на владата на вчерашната 46 седница. Станува збор за ветерната електрана „Босилково“ на територија на Свети Николе и Штип со проектиран капацитет од 33 мегавати.

„Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со поднесеното барање на ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје за издавање на овластување за изградба на Ветерна електрана Богословец и донесе одлуката за одобрување за изградба на оваа ветерна електрана, како прва од ваков тип во приватна сопственост“ стои во владиното соопштение.

Со проектот Парк на ветерни електрани Богословец, општина Свети Николе и општина Штип предвидено е да се изградат 10 столба на коишто ќе се постават турбини со моќност од 3,3MW, да се догради и прошири постојниот пристапен пат и да се изгради ТС 20(30)/110kV со приклучен далновод 2x110kV.
Приклучокот на паркот на ветерни електрани на постојниот 110kV вод ТС Овче Поле – ТС Штип ќе се направи со изградба на далновод 2x110 kV и трафостаница ТС 33/110kV Богословец, се дел од идеите на изведувачот Thor.

http://faktor.mk/thor-kje-ja-gradi-prvata-privatna-veterna-elektrana-
 

·
Macedonia
Joined
·
47,933 Posts
Годинава ќе се изградат 80 километри од гасоводната мрежа

Гасификацијата на земјава се одвива со непречено темпо и се очекува да се испочитуваат зададените рокови за изградба на магистралните гасоводи Штип – Неготино, Скопје – Тетово – Гостивар и Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола. Во 2018 година е предвидено да се изведат 80 километри од планираната гасоводна мрежа во Македонија. Овие информации денеска ги соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој одржа заедничка прес – конференција на оваа тема со директорот на Македонски Енергетски Ресурси (МЕР) Благојче Котески.



„За оваа година обезбедивме околу 40 милиони евра за гасоводната мрежа и очекувам дека со силно темпо ќе продолжиме да го реализираме овој проект кој е од исклучително значење не само за граѓаните туку и за целокупната економија“ изјави Сугарески. Магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар треба да биде изграден до крајот на 2019 година, а Неготино – Битола треба да биде комплетиран во 2020 година.

Државната компанија МЕР, во соработка со надлежното министерство, паралелно ќе работат на решавање на проблемот со експропријација на земјиштето и на изградба на одредени делови од магистралните гасоводи. Министерот Сугарески информираше дека постојат проблеми со експропријација на земјиштето на одредени траси, но градежните работи на терен продолжуваат. Планот на ова министерство е да се разрешат имотно – правните односи во текот на 2018 година, за наредната година да се работи поефикасно на изведбата на планираните делници.

http://build.mk/godinava-ke-se-izgradat-80-kilometri-od-gasovodnata-mrezha/
 
121 - 130 of 130 Posts
This is an older thread, you may not receive a response, and could be reviving an old thread. Please consider creating a new thread.
Top