SkyscraperCity Forum banner

Islands in North Macedonia | Острови во Северна Македонија

18952 Views 111 Replies 1 Participant Last post by  Srdjan Adamovic
3

Голем Град


Голем Град (Змиски Остров или Св.Петар) е остров во Преспанското Езеро, и е единствениот остров во Република Македонија[1].

Голем Град е прогласен за строг природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, карактеристичната флора и фауна и поради своето историско минато. Островот е долг 750 m, а широк 450 m, со највисок дел 50 m над езерото.

Два километри долгиот воден пат од селото Коњско води до оваа природна тврдина, издигната 30 m над езерската вода и со површина од 18 хектари. Денес е ненаселена, но е богата со ендемски растенија, ретки птици, залични заедници на животни, како и објекти, записи и наоди кои зборуваат за долгите векови на населеност на островот.

Освен за љубителите и проучувачите на природата, островот Голем Град е едно од најатрактивните места за оние чии интересирања се насочени кон откривањето и исражувањето на остатоците на населбите од неолитот, хеленистичкото и римското време (некропола) и средновековието. Освен римската некропола, откриени се шест [[црква|цркви постоеле дванаесет. Островот впрочем бил континуирано населен 2000 години, а манастирскиот живот се одвивал од X до XIV век. Меѓу пронајдените цркви, од особен интерес е онаа подигната и живописана во XIV врз темели на римска цистерна за вода[2].

Освен сочуваната црква Св. Петар, средновековната црква Св. Димитрија, постои и ранохристијанската базилика од крајот на IV и почетокот на V век, каде се откриени остатоци од поден мозаик[3].

Островот има три пристаништа: „Св. Петар“, „Гојдарица“ и „Влаија“.





See less See more
  • Like
Reactions: 1
41 - 60 of 112 Posts
Големиот Град, распослан како голема школка среде Преспанското Езеро, е единствен и пуст остров во Македонија. Само на две места, на северозападниот и на југоисточниот крај, постојат мали плажи и пукнатини во карпите, кај кои може да се пристигне со чамец и да се искачи горе на островот...

Убавите предели на Македонија ги истражува и пренесува сајтот (Еxploring.mk).

Островот лежи скриен во езерото, со идеални можности да послужи како збег на луѓето од брегот во повеќе наврати во минатото.

Се претпоставува дека во античкиот период тука живеело македонското племе Орести, за кое сведочат ископаните гробови на свештеници. На островот постоел континуиран живот од дваесетина века и манастирски живот кој се одвивал од X до XIV век. Меѓу пронајдените цркви, особено е интересна онаа која била подигната и живописана во XV век врз темели од римска цистерна за вода.

Голем Град е едно од најатрактивните места, со остатоци од населби од неолитот, хеленистичкото и римското време, некропола од римскиот период и средновековието, како и со откриените шест цркви од некогаш постојните дванаесет.

Постојат многу легенди за островот. Една од нив кажува дека царот Самуил имал ќерка Преспана, која живеела во крајбрежното село Царев Двор.

Била надалеку позната по својата мудрост, убавина и храброст. Кога разбрал еден византиски дворјанин, според некои преданија цар Василиј, решил да ја побара нејзината рака. Кога дошол по неа, не сакајќи да стане сопруга на противникот на нејзиниот татко, Преспана се фрлила во езерото. Оттогаш до ден денешен тоа езеро се вика по неа – Преспа.

Една друга легенда вели дека Крали Марко, додека се шетал покрај Преспанското Езеро, посакал да го види и езерцето Мала Преспа. Се качил на еден камен и, така силен, на него оставил отпечаток од стапалото. Тоа парче карпа и денес стои таму, на граничниот премин со Грција, кој и го носи неговото име и привлекува голем број туристи. Велат, ако го ставите своето стапало, ќе забележите дека Марко сигурно носел обувки барем со број 90.

See less See more
  • Like
Reactions: 1
41 - 60 of 112 Posts
Top