SkyscraperCity banner
1 - 20 of 82 Posts

·
Registered
Joined
·
125,507 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Крива Паланка е град во североисточниот дел на Република Македонија, сместен под падините на Осоговските планини на двата брега на Крива Река. Во непосредна близина на градот се наоѓа граничниот премин Деве Баир кон Република Бугарија. Од Куманово е оддалечена 60 км, а од Скопје 100 км во источен правец.

Според последниот попис од 2002 година, во Крива Паланка живеат 14.558 жители.

Населението во Крива Паланка е повеќето од православна вероисповед. Православието е длабоко навлезено во животот и традицијата на паланчани а за тоа сведочат големиот број на цркви и манастири што се наоѓаат во градот, но и во непосредната околина. Крива Паланка во Македонија и пошироко е позната по еден од најубавите манастирски комплекси- манасториот Свети Јоаким Осоговски.

Осоговски Манастир

Црква „Св. Димитриј“ - Крива Паланка

Во последните години, локалните власти во Крива Паланка сѐ повеќе вложуваат во туризмот како едно од важните гранки на стопанството во Македонија. Со својата природна убавина и богатата културно-историска традиција, Крива Паланка сѐ повеќе се промовира како кај домашните, така и кај странските туристи. Во својата програма, Крива Паланка ги понудува посетите на манастирите и историските локалитети во градот и во својата околина, потоа организира посети и сместувања во еден од најубавите македонски манастири- манасторот Свети Јоаким Осоговски. Исто така, локалитетите Градец, Трново и Станци се отворени за туристите во секое време.

Градец, Испосница на Свети Јоаким Осоговски. Селото Градец е во близина на Крива Паланка, поточно се наоѓа на 7 километри оддалеченост од градот. Според легендада, на ова место се подвигувал нашиот светец Јоаким Осоговски, пред да се премести во месноста Бабин Дол, каде што денеска се наоѓа неговиот манастир. Во близина на испосницата се наоѓа археолошкиот локалитет Градиште, со остатоци од доцна антика и среден век. Исто така во селото се наоѓа Црквата Св. Никола од 19 век, а во нејзина близина се наоѓа старото училиште, коешто е преадаптирано за сместување на туристи[6].

Трново. Селото Трново се наоѓа на 15 км североисточно од Крива Паланка. Во селото на наоѓа старата Црква Св. Никола од 16 век, во чија близина се наоѓа Парохискиот дом, којшто нуди услови за акомодација гости. Во рамките на целиот комплекс на наоѓаат уште два објекти старото училиште и задружниот дом, којшто со мали преадаптации, можат да бидат ставени во фукција на туризмот. Исто така, и тука гостите можат да дегустираат традиционални јадења, приготвени на традиционален начин[7].

Станци, Дренак и Дурачка Река. Се наоѓаат на 6 км југоисточно од Крива Паланка. Двете села, преставуваат пријатни места со прекрасни етно амбиенти, со куќи изградени во традиционална архитектура . Во селата сѐ уште се функционални валавниците и водениците, постарите жители се уште носат традиционална народна носија, и живеат на традиционален начин. Туристите можат да дегустираат храна (баница под вршник, качамак, кисело млеко) приготвена на традиционален начин, а можат да престојуваат во куќите на гостопримливите селани.

Градот Крива Паланка (Егри Дере) е основан во 1634 година од Бајрам -Паша, везир на султанот Мурат I. Евлија Челебија ја опишува Крива Паланка, во својот Патопис од 1661 година, како град со околу 800 домаќинства. Во 1689 година во североисточниот дел на Македонија избувнува Карпошовото востание. Како центар на востанието градот бил слободен неколку месеци. И покрај стравичните последици Карпошовото востание има големо влијани врз понатамошното револуционерното движење. Луѓето од овој регион земаат активно учество во Илинденското востание кое започнува на 2 август 1903 година, но поради големата концентрација на турските сили востаничкото движење е во поограничени размер. По ослободувањето од Турците во 1912 година, регионот е под српска власт до 1915 година, а потоа под бугарска до 1918. Во 1918 година, Македонија и Крива Паланка станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во периодот помеѓу двете светски војни поради лошите економски и социјални услови се бележи масовна миграција на населението пред се во САД и Јужна Америка. Во овој период Крива Паланка ги добива првите доктори на наука, браќата Борис и Димитар Арсови кои докторираат на Сорбона. Во текот на II Светска Војна луѓето од овој крај земаат активно учество во борбата против фашизмот (139 загинати војници и 128 загинати цивили). По ослободувањето (8 Октомври 1994 година) и создавањето на македонска држава во склоп на Југославија, започнува нов период во развојот. Изградени се голем број на културни институции- градска библиотека, кино, Дом на културата, медицински центар, школи, фабрики, рудници итн. По референдумот од 8 септември 1991 година и осамостојувањето на Р.Македонија, Крива Паланка го доби првото повеќепартиско општинско собрание.



 
1 - 20 of 82 Posts
Top