SkyscraperCity banner
Status
Not open for further replies.
1 - 2 of 2 Posts

·
Banned
Joined
·
344 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Macedonia






Population: 2 million (UN, 2003)
Capital: Skopje
Area: 25,713 sq km (9,928 sq miles)
Major language: Macedonian
Major religion: Christianity
Life expectancy: 71 years (men), 76 years (women) (UN)
Monetary unit: 1 denar = 100 deni
Main exports: Clothing, iron and steel
GNI per capita: US $2,420 (World Bank, 2006)
Internet domain: .mk
International dialling code: +389
 

·
Banned
Joined
·
344 Posts
Discussion Starter · #2 ·
Anyone got photos of the new square in Kumanovo?

КУМАНОВО
„Чија је ово звезда“ му пееше Чола на Бучко

Уживав во концертот, иако во почетокот сите бевме стегнати, но како што се вжештуваше атмосферата на крајот сите се опуштивме, изјави мегаѕвездата Здравко Чолиќ по саботниот концерт во Куманово по повод реконструкцијата на градскиот плоштад, на кој присуствуваа над 40.000 посетители. Последниот концерт на Чолиќ во Куманово беше пред 7 години во кумановската сала. По завршувањето на концертот мегаѕвездата најави и нова плоча и серија концерти.

- Фантастична атмосфера и уживање во музиката, кое можеше да се забележи од самата бина - изјави Слободан Марковиќ, клавијатуристот во бендот што на концертот го придружуваше Чолиќ.

Во придружната група на Чолиќ беше и Драгомир Ѓуриќиќ, некогашниот тапанар на „Леб и сол“.

- Концерт проследен со носталгија, солзи... Навикнати сме на голем број посетители на концертите на Чолиќ, па поради тоа и се пее со неверојатна љубов - изјави тапанарот Ѓуриќиќ.

На бината Чолиќ најпрво излезе во црн костум, а малку подоцна пред многубројната публика се појави во бел костум. Беше придружуван и од балетската група „Денс плус“ од Белград со 4 од 10-те девојки, колку што има групата. Ова концертно случување беше обезбедувано од 2 агенции и мина без инциденти. Покрај кумановци, присуствуваа и скопјани, велешани, како и посетители од соседните Србија и Бугарија. Во публиката беше и премиерот Владо Бучковски, на кого Чолиќ му ја отпеа „Чија је ово звезда“. Покрај Бучко, присуствуваа и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, луѓе од локалната самоуправа на градот, Ристо Пенов лидерот на ЛДП, пратениците Андреј Жерновски, Чедомир Кралевски, луѓе од јавниот живот, како и Велимир Џаровски-Џаро.

Концертот, кој заврши со голем огномет, чинеше 20.000 евра. Од нив, 2.500 издвои локалната самоуправа, а 2.500 се средства од Министерството за култура на Македонија, во рамките на манифестацијата „Куманово град на културата“. Другите пари се од спонзори-пријатели на градот, како што ги нарече градоначалникот на Куманово, кои на кумановци им овозможија вистинска концертна еуфорија.

М. М.
 
1 - 2 of 2 Posts
Status
Not open for further replies.
Top