SkyscraperCity banner

1 - 20 of 5683 Posts

·
Registered
Joined
·
2,974 Posts
Discussion Starter #1
Мислам дека сепак може да се отвори нишкава... :)

Само да си направам кафе и почнуваме :)

И само едно нешто... Не сакам да забегуваме од темата... има други нишки...

Андреј... те предизвикувам! :)
 

·
Registered
Joined
·
2,793 Posts
Јас сум во сред сесија, така што слободно почни. И те молам подобро објаснувај ги сликите, не е важна количината туку квалитетот. И не се фокусирај на идиотизномт Ск 2014 бидејќи тоа не е Скопје и никого не импресионира.
И стави едно Скопие до насловот.
 

·
Registered
Joined
·
2,974 Posts
Discussion Starter #3
Of course... Скопје 2014 на периферијата на темава... таму му е место...

А за насловот... не го чепкам... гледав примери од другите нишки во секцијата... ако мисли Локум дека може и треба да се смени, нека го смени...
 

·
Registered
Joined
·
2,974 Posts
Discussion Starter #5 (Edited)
Најпрвин...

Q&A:

1.Што претставува Скопје?
- Скопје е главен град на Македонија, нејзин најголем и најразвиен град, со најголема регионална економија и најголем придонес во општата економија на Македонија. Секако, административен центар на цела држава. Град со најголема концентрација на бизниси, општествени, културни, спортски, политички случувања во земјава.
2. Каде се наоѓа/општа географија?
- Се наоѓа во северниот дел на Македонија, во Скопскиот Регион, во скопската котлина, близу државната граница со Косово (Србија). Се наоѓа во близина на крстопатот на два важни пан-европски коридори: Коридорот 10 и Коридорот 8, и патиштата Е-75 и Е-65. И е распослан на два брега на реката Вардар. Освен реката Вардар, во Скопје течат уште неколку реки: Треска, Лепенец, Серава и Маркова Река... Се наоѓа на надморска висина од некои 240 м. А во исто време е опколен со (скопската котлина ја формираат) неколку планини од кои најзборувани се Водно и Скопска Црна Гора...
3. Колкаво е Скопје?
- Административните граници на Скопје зафаќаат површина од 571.46 км², додека урбаниот дел зафаќа некои 225 км². Скопскиот регион, пак, опфаќа површина од 1.854 км².
Според Државаниот завод за статистика на Република Македонија се проценува дека во 2011 година во административно Скопје (+Сопиште) како постојано живеалиште живеат 533 847 лица. Во урбаниот дел, живеат некои 378 000 жители. Додека пак, во Скопскиот регион се предвидува дека живеат околу 700 000 жители. Ова мислам дека се најпрецизните и најреалните бројки на население на Скопје и Скопскиот регион.

Продолжувам во следниот пост...
 

·
Moderator
Joined
·
19,155 Posts
Радвам се, че вече има такава тема :) Само спазвайте правилото за не повече от 7 снимки в едно мнение :)


ПП: А българските потребители да знаят, че модераторският контрол ще е строг. Това няма да е тема за коментари на Скопие 2014.
 

·
Registered
Joined
·
2,974 Posts
Discussion Starter #7
4. Историја?
- Има голема и долга историја, но не би навлегувал во неа, постои Википедија. Само ќе кажам дека не секогаш бил најзначаен град во Македонија. Добива на значење за време Отоманската империја, но и тогаш... Битола на некој начин била пред него. Главен град на Македонија станува за време на Југославија, ако не грешам. Имало сигурно некоја приказна околу изборот за главен град, но не ја знам. Како и да е, Скопје ги доживува својот најголем развој и растење во 20-тиот век, особено по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Па така, на пример, во 1961 имал 200 000 жители, за во 1981, после само 20 години, нивниот број дупло да се зголеми на околу 400 000 жители.

5. Како административно функционира Скопје?
- Скопје е град утврден посебно со Закон за Скопје од Собранието на Република Македонија. Тој е град - општина во чиј состав влегуваат 10 општини + Градот Скопје. Не функционира како секој друг град во Македонија. Општините во градот и Градот Скопје имаат поделени ингеренции, надлежности. Градот Скопје се грижи за општите работи во градот, додека пак општините се грижат за деталните, локалните работи на површината која ја зафаќаат. Но, секогаш постои соработка помеѓу Градот Скопје и општините и помеѓу општините меѓусебно, преку програмата за меѓуопштинска соработка, но и преку ЗЕЛС.
10-те општини во Скопје се:
- Аеродром
- Центар
- Кисела Вода
- Карпош
- Чаир
^^
(кои го формираат најголемиот дел од урбаниот дел од градот)
- Бутел
- Гази Баба
- Шуто Оризари
- Ѓорче Петров
- Сарај

Сепак, Скопскиот Регион опфаќа уште неколку општини кои не влегуваат во состав на административните граници на градот Скопје, но се директно поврзани со неговиот живот и функционирање, и имаат голема интеракција со градот, а тоа се:
- Чучер-Сандево
- Сопиште
- Зелениково
- Илинден
- Петровец
- Арачиново
 

·
Rough'n'tough
Joined
·
11,589 Posts
В Скопие най-много ми допадат уредените пространства между блоковете, зелено, с игрища, т.н. Така че пускай и такива снимки за мой кеф... :)
 

·
Registered
Joined
·
236 Posts
Поздравления за темата, ще е интересно за Скопие да се дискутира, както и за други македонски градове. Бих искал да попитам има ли някъде в Македонския форум за България или София, интересно ми е да видя какво мислят хората там за нашите градове.
 

·
Registered
Joined
·
2,974 Posts
Discussion Starter #17 (Edited)
Податоци за работно време:

1. ниска сезона (зимска) - од Октомври до Март
Работно време од 9:00 - 17:00часот - понеделник е неработен ден. Ефективно работно време - на секој 1 час по половина час. Викенд и празници ефективно работно време - на секои 1 час по половина час.

2. висока сезона (летна) - од Април до Септември
Работно време од 09:00 - 20:00 (Вторник, Среда, Четврток) и 09:00 - 21 (Петок, Сабота и Недела). Понеделник е неработен ден.

-за деца до 6 години возењето е бесплатно
-за деца од 6-14години билетот изнесува 50 денари
-за возрасни граѓани од 14 до 62/64 години билетот изнесува 100 денари
-за возрасни грагани со навршени 62 години - жени, 64 години - мажи е бесплатно, но исклучиво со приложување на документ за лична идентификација!

http://zicnica.jsp.com.mk/index.html
 
1 - 20 of 5683 Posts
Top