SkyscraperCity banner
1 - 20 of 49 Posts

·
Registered
Joined
·
125,565 Posts
Discussion Starter · #1 ·
Пробиштип е град во источниот дел на Република Македонија. Познат е како рударски град, бидејќи во неговата близина се наоѓа рудникот за олово и цинк Злетово. Покрај рударството во градот постои и индустриски капацитет за производство на батерии и акумулатори. Има површина од 329 км2 и е центар на општина Пробиштип која содржи 37 населени места. Градот има 10.500 жители, а општината 26.193 жители.

 

·
Registered
Joined
·
2,592 Posts
500.000 евра за модернизација на водоводниот систем Пробиштип


Општина Пробиштип годинава ќе работи на намалување на загубите на водата низ водоснабдителната мрежа преку замена на 4000-те постоечки водомери со нови на далечиснко управување. Финансиските средства се обезбедени од централниот буџет.



Се работи проект кој ќе чини од 400 000 до 500 000 евра, обезбедени од Владата на Р. Македонија- изјави Милан Терзиќ, директор на ЈП ,,Комуналец,, - Пробиштип

- Жителите на Злетово годинава ќе се снабдуваат со вода од ХС Злетовица, откако ќе бидат поврзани на Филтер станицата во Пробиштип. Со тоа овие граѓани ќе имаат квалитетна вода за пиење, но и ќе престанат проблемите со водоснабдувањето во текот на летните месеци.

Злетово че биде поврзано со повратна линија која е веќе изградена преку ХС Злетовица, но наша обрска е сега само до го прилучиме на сегашната филтер станица- изјави Терзиќ

Квалитетот и дистрибуцијата оваа општина го реши со изградбата на Филтер станицата инвестиција од 1, 4 милиони евра, што лани беше ставена во функција.
 
1 - 20 of 49 Posts
Top